Категории

10 ЗЕМЈИ КАДЕ ШТО ЖИВЕАТ НАЈСРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ

Овие земји нудат бесплатно образование и се богати со преубави пејсажи. Народот кој живее во овие земји е најпозитивниот и најфиниот народ во светот. Сигурно ви звучи како бајка, но сепак тоа е вистина. Оваа листа е со 10 земји каде што живеат најсреќни луѓе во светот, а ние ви посакуваме барем еднаш во животот да имате можност да посетите секоја од нив.

Шведска

Шведска е земја каде што народот постојано покажува колку е задоволен од животот. Нивната тајна е Fika. Овој збор го користат за да ја опишат навиката на зимање пауза за време на работното време. Оваа пауза трае само 15 минути, но на секои два часа и за тоа време жителите на Шведска пијат кафе со своите пријатели и дискутираат за најразлични теми. Можеби ќе се изненадите, но Шведска е најголем потрошувач на кафе во светот.

Австралија

q2

Загадувањето е на многу ниско ниво во Австралија, па тоа е и една од причините зошто народот таму е толку среќен. Покрај тоа Австралијците се обожаватели на скарата и тие постојано се собираат со своите пријатели во градските паркови за да се дружат, пијат пиво и јадат сочно месо.

Нов Зеланд

q3

Жителите на Нов Зеланд се благословени со прекрасните планини, кои нудат прекрасен поглед и чист воздух. Па поради тоа, ниското ниво на загадување и прекрасната природа ги прават жителите на оваа земја едни од најсреќните на светот.

Холандија

q4

Холандија е позната по возењето велосипеди, па затоа жителите на оваа земја се секогаш во одлична физичка форма. Холанѓаните се навистина горди на овој нивен закон за возење велосипеди и патеки кои ги има насекаде низ градот. Доколку имате среќа да го посетите Амстердам не заборавајте да изнајмите велосипед и да уживате низ улиците на градот.

Канада

q5

Канада е една од најголемите земји на светот и е вистински рај за посетителите. Жителите на оваа земја се горди со големиот број на природни езера и топли бањи, национални паркови и неверојатни пејсажи. Доволно е само да погледнете во еден дел од природата која се крие во Канада и ќе ви стане јасно зошто жителите се едни од најсреќните на светот.

Финска

q6

Сите ваши грижи и проблеми ќе исчезнат доколку влезете во познатите фински бањи, познати како сауни. Иако бројот на жители во Фински изнесува само 5,2 милиони, бројот на сауни изнесува 3,3 милиони. Сауните можат да се најдат каде било низ територијата на Финска.

Норвешка

q7

Норвежаните исто така се гордеат со своите природни богатства и посветуваат големо внимание за одржување и ги третираат со голема одговорност. Начин за опуштање е искачување на највисоката планина, позната како Skala. Оваа земја е неверојатна, каде што може да се ужива во шатор набљудувајќи го прекрасниот свет околу.

Исланд

q8

Овие луѓе се едни од најсреќните на светот благодарение на големиот број вулкани, диви плажи, топли бањи и извори и пејсажи кои не можат да се според со ниедна друга земја. Жителите секојдневно уживаат лежејќи во топлата сина вода со поглед кон неверојатна природа.

Швајцарија

q9

Не е ни чудно што тука се најсреќните луѓе на светот, кога оваа земја е производител на најубавата чоколада. Но, покрај тоа жителите на Швајцарија водат многу здрав живот, со тоа што практикуваат скијање, кајакарство и параглајдерство. Овие луѓе се едни од најслабите на светот.

Данска

q10

Данска се смета за најсреќната земја на светот. Покрај тоа што жителите на оваа земја уживаат во бесплатното здравство, меѓу нив има кохезија, односно силно чувство на поврзаност. Тие се исто така многу културни и фини, секој жител на Данска би те поканил на кафе иако воопшто не те познава.

Прегледи:
494
Објавено на:
29.08.2016