Категории

10 знаци по кои ќе ја препознаете жената која е несреќна во бракот или врската

Денес луѓето немаат многу време за негување на романтиката и посветеноста на партнерот, па веројатно така голем број на врски и бракови завршуваат неславно.

Па, ако сте во долга врска или брак, сигурно има денови кога се прашувате каде исчезна она прекрасното чувство што ве држеше среќни и заљубени на почетокот?

Внимавајте, тоа прашање е само почетокот на замката во која паѓате.

Ова се уште 10 знаци по кои ќе познаете дали сте несреќни или пак имате несреќна партнерка:

1. Жената престанува да комуницира

Познато е дека жените сакаат да зборуваат и раскажуваат. Во моментот кога жената ќе престане да комуницира, постои нешто што ја мачи.

2. Брзо се лути

Кога жените се неисполнети и несреќни, во состојба се да се разбеснат за секоја ситница. Ако партнерката брзо се лути, време е да се загрижите.

3. Секогаш е изморена

Луѓето во несреќни бракови имаат повисоко ниво на кортизол, што доведува до низа симптоми како хроничен замор, главоболки и изнемоштеност.

4. Кажува „не“ кога и нудите секс

Само жената која е незадоволна во бракот или врската може да одбие секс. Или барем така би требало да биде.

5. Има тајни

Кога чувствувате дека не знаете ништо за нејзиниот ден или подолг временски период, веројатно работите не одат по текот како некогаш.

6. Ја губи довербата

Кога жената ќе ја изгуби довербата, секоја ситница оди под лупа. Таа ги проверува пораките, ве шпионира додека зборувате на телефон или праќате мејл…

7. Не му обрнува многу внимание на партнерот

Кога не може да се сети што сте кажале пред 5 минути, време е да прогласите алармантна состојба.

8. Прави нови чекори во животот, сама

Кога жената ќе му се посвети на своето хоби или на своите пријателки, тука нема ништо чудно. Но, ако е во постојана потрага по нови предизвици само за да биде зафатена пред партнерот, време е да се замислите што точно се случува.

9. Станува себична

Жената која е несреќна во љубовта полека, но сигурно станува себична. Таа сфаќа дека партнерот не е вреден за нејзиниот труд и почнува сама да располага со своите емоции, без да може другиот да допре до нив.

10. Го менува изгледот

Не зборуваме за промена на фризурата, туку за целосна трансформација. Ова е последниот знак кој ве предупредува дека е на раб да го почне животот без вас.

Прегледи:
683
Објавено на:
03.03.2016