Категории

11 годишно дете јаде за да се здебели и да го спаси татко му

Љубовта на децата кон родителите е навистина голема. Дете од Кина се обидува да се здебели за да го спаси својот татко.

На таткото на Лу Зикуан пред 7 години му била дијагностицирана леухемија и од тогаш е на постојано лекување. Сепак, неговото здравје почнало значително да се влошува, па докторите им соопштиле дека единствен начин да преживее човекот е пресадувањето на коскена срцевина.
Откако било направено тестирање на сите членови од семејството, единствен компатибилен донор бил малиот син Лу Зикуан, кој имал 11 години. Без разлика на годините, младото момче сакало да го спаси животот на татка си. Но, тој е тежок само 30 килограми и докторите не се согласуваат да го оперираат. За да се направи интервенцијата потребно е Лу да има најмалку 45 килограми.
Па, така Лу почнал да конзумира огромни количини на храна секој ден.


„Докторите ми кажаа дека ако сакам да ја донирам мојата коскена срж морам да имам најмалку 45 килограми. Идеална тежина е 50 килограми. Па, затоа, дури и кога ќе почне да ме боли желудникот јас продолжувам да јадам, бидејќи нашето семејство нема да издржи да го изгуби татко ми“- истакнува малиот Лу.
Зикуан речиси ја постигнал тежината од 45 килограми за операција, но планира и понатаму да јаде во големи количини бидејќи докторите истакнале дека колку ќе биде потежок- толку ќе биде подобро за него.
Дел од децата во училиштето почнале да го задеваат Зикуан за неговата тежина, но кога ја дознале причината се повлекле и го поддржале.
„Целта е прво да се спаси татко ми, а потоа ќе ослабам“- истакнува ова храбро младо момче.