Категории

11 годишно момче со аутизам е светски шампион во таеквондо

Ethan Fineshriber е светски шампион во таеквондо, а неговата титула е уште позначајна заради фактот што тој има аутизам.

На три години Ethan е дијагностициран со оваа попрееност, но тоа не го спречило да го оствари својот сон и да ги урне сите стереотипи, станувајќи шампион во оваа боречна вештина.

Се започнало кога неколку години по дијагнозата неговата мајка, Mara, одлучила дека мора да биде активен и да има контакт со луѓе, давајќи му избор помеѓу фудбал, безбол или карате. Бидејќи не бил заинтересиран за првите две опции, Mara, го однела во најблискиот локален клуб за боречки вештини, а со текот на времето Ethan се заљубил во овој спорт.

Научил за фокус, дисциплина, самодоверба и одлучност. Како што почнал да се натпреварува, дошле и победите. Со подршка и предлог на неговиот тренер, Ethan почнал да се натпреварува и во национални натпревари, каде и го освоил првото место.

Неговиот последен успех е првото место во светскиот натпревар ATA World Championship, кој се одржал на почетокот на јули годинава во Литл Рок, Арканзас.

Тој тука не застанува, неговите 11 години влеваат надеж за уште напредок и уште многу титули. Неговата инспиративна приказна треба да ни покаже дека во животот се може да се постигне, доколку се вложиме целосно со ум, со срце и тело.