Категории

11 НАЧИНИ КАКО СЕ МЕНУВА ВАШЕТО ТЕЛО ВО ДВАЕСЕТТИТЕ

Можеби сметате дека промените на вашето тело завршија со тинејџерските години, но тоа не е потполно точно – вашето тело продолжува да се менува и во дваесеттите, иако веројатно не го забележувате тоа. Погледнете кои промени ве очекуваат доколку сте влезени во втората деценија од вашиот живот.

Вашите коски сè уште се зацврстуваат

Цврстината на коските е најголема во пубертетот, но продолжува да се зголемува и во вашите дваесетти. Сега е одличен момент да јадете храна која содржи соодветна количина на калциум и витамин Д, и да започнете со редовни вежби со дигање тегови кои ќе го стимулираат растот на коскените клетки. Кога ќе влезете во менопауза, ќе ја изгубите коскената маса побрзо, но ако наталожите коскена маса сега, ќе имате доволно и за во иднина.

Вашата тежина веројатно ќе се зголемува по малку секоја година и тоа е сосема нормално

Тежината вообичаено се зголемува секоја година во вашите дваесетти, најмногу поради зголемувањето на телесните масти сега во споредба со тинејџерските години. Сепак, важно е да знаете дека нормалната тежина е да имате БМИ помеѓу 18,5 и 24,9. Сè додека вашата тежина се зголемува во мали количини секоја година, не претставува проблем и е сосема нормално.

Кожата памети сè што ќе ѝ направите

Само затоа што немате акни како што имавте во тинејџерските години не значи дека сега вашата кожа е здрава. Изложувањето на кожата на сонце во раните години од животот може да има кумулативни и опасни ефекти подоцна. Блескавиот темен тен во дваесетите станува брчки во четириесеттите и сончеви дамки во шеесеттите, па размислувајте однапред. Супер е да добиете комплимент за вашиот тен на 20 години, но подобро е да имате мазна младешка кожа на средовчени години.

Вашиот менструален циклус конечно станува попредвидлив и поредовен

На 20 години, менструалните циклуси се поредовни од претходно затоа што жените се во врвот на нивната плодност, дури и ако имањето деца е последното нешто за коешто размислувате во моментов.

Можно е да имате повеќе акни отколку што сте имале како тинејџерка

Во вашите дваесети, ќе имате пораст на естроген и прогестерон околу вашиот менструален циклус, што може да предизвика појава на акни. Уште една можна причина за појава на акни е тоа што жените во дваесетите најчесто ставаат повеќе шминка и не се грижат премногу за својата кожа, што дефинитивно не помага. Уште една причина зошто секогаш треба да ја вадите шминката и да го чистите лицето пред спиење.

Вашата сексуална желба ќе биде поголема

Освен ако не користите контрацептивни пилули, што апсолутно може да влијае на вашиот сексуален нагон, вашата желба за секс во секое време е неверојатно голема, па тоа може да биде забавно.

Болките за време на менструалниот циклус сега се вистинска тортура

Можеби сте имале болки за време на тинејџерските години, но сега ќе дознаете што навистина значат менструалните грчеви. Поради високото ниво на хормонот простагландин во дваесетитте, болките стануваат почести и поинтензивни.

Вашите брадавици може да изгледаат поинаку од претходно

Не се случува кај секого, но во дваесетитте, брадавиците може да изгледаат поголеми и потемни, и ова е сосема нормално.

Вашата вулва може да изгуби тежина и да стане потенка

Дистрибуцијата на масти кај жените се менува во дваесеттите години, па може да забележите дека вашите големи или „надворешни“ усни изгубиле масти и изгледаат потенко. Сепак, способноста да се навлажните е сè уште присутна и вагиналните мускули ви се многу силни, но важно е да се напомене и ова.

Може да добиете повеќе облини

Најчесто, без разлика на начинот на исхрана и вежбањето, повеќето од жените се прилично слаби во нивните тинејџерски години и во дваесеттите. Но, како стареете, може да забележите дека се имате здебелено на места каде што никогаш не сте се здебелиле претходно. Можете да забележите зголемување на дистрибуцијата на масти во колковите, бутовите и градите. Ова е поради метаболичките промени, зголемувањето на телесната тежина, и хормоналните промени. Со други зборови, дваесеттите се постојан физички и емоционален ролеркостер. Но, исто така се и многу забавни и никогаш досадни.

Прегледи:
520
Објавено на:
18.02.2016