Категории

15 нешта кои ги прават добрите сопрузи: Ти верува, верен ти е, ти помага низ дома без дa побараш…

Листа на бразилска писателка со карактеристики на мажите кои се добри сопрузи стана светски хит. Во текстот, Рејчел Де Кастро ги набројува сите нешта кои треба да ги цените кај вашиот животен сопатник.

  1. Ти верува. Не се сомнева во твоите одлуки.
  2. Верен ти е. Ништо не крие од тебе.
  3. Добро го познава твојот вкус. Знае кое ти е омилено чоколадо, какви филмови сакаш да гледаш и кои ти се хобијата.
  4. Ти дава време за тебе. Ако сакаш да излезеш со пријателите, да си направиш фризура или да изгледаш филм сама, нема проблем со тоа. Знае дека понекогаш имаш потреба од време за себе.
  5. Ги памети специјалните датуми. Ги памети датумите кои ти се важни тебе и подготвува нешто специјално.
  6. Ти помага да станеш подобра личност. Не го прифаќа говорот на омраза кој си го насочуваш кон себе. Ти помага да си ја изградиш самодовербата и те охрабрува да станеш кога се чувствуваш потиштено.
  7. Се смее на твоите шеги… дури и кога не се смешни.
  8. Верува во тебе. Знае дека си искрена со него.
  9. Се смее со тебе. Те смее и се забавувате заедно.
  10. Ги цени твоите чувства. Секогаш зема предвид како се чувствуваш.
  11. Се чувствуваш сакано од него. Едноставно знае дека ти си љубовта на неговиот живот.
  12. Ти го поедноставува комплицираниот живот. Ти нуди решенија и цели да избегне конфликти.
  13. Ти помага со домашните обврски. Ги мие чиниите и се грижи за децата без да го побараш тоа од него.
  14. Те теши кога си тажна. Не сака да те гледа вознемирена и прави сè што може за да направи да се чувствуваш подобро.
  15. Ја обожава твојата насмевка. Се труди да те насмее секој ден.
Прегледи:
439
Објавено на:
30.05.2016