Категории

12 функционални изговори како да не добиеш казна ако те фати полиција како правиш ајвар

Полицијата последниве неколку недели користејќи специјално тренирани гладни студенти кои можат да намириаат ајвар и на неколку километри им влезе во траг на повеќе доброорганизирани злосторнички здруженија кои преку своите активности на правење ајвар и малиџано го кршат законот и претставуваат опасност за заедницата. На ваквите криминалци не им е местото на слобода! Но сепак ако сте криминоген тип еве неколку совети како да се извадите пред полицијата.

1. Ова црвеното? Ма нееее каков ајвар! Го убив комшијата за таа дуњата шо се судиме 20 години и сега само вака го мешам за да можам полесно да го скријам. Нема проблем! Имајте и вие убав ден.

2. Не готвам ајвар, кристален мет е ова.

3. Не знам јас, имаше едни луѓе тука и ми рекоа да им почувам ова да земеле нешто од кола и ќе се врателе. Не е мое ова…

4. Јас сум од здружението за “Заштита на ајварот“ и ќе правам ајвар ако треба и пукајте господо милицајци!

5. Ова? Ова го правам зза децата болни од ринофарингитис! Како не ви е жал, јас да ве прашам! А така? Сега сакате 50 евра вие да ми дадете! Е не можи. Вади 100!

6. Само вие пишувајте казни! Знаете кој сум јас! Не знаете а? Ако ќе видите на телевизија кога ќе ме амнестира Ѓорѓе!

7. Имам амнезија, не знам како се најдов овде ни што е ова!

8. Си ги знам јас правата, ви треба налог од готвачот во кантината да пробате дали ова е ајвар, а во спротивно, жал ми е господа, но ќе мора да ме оставите на рајат да го правам ова што можеби е, а можиби и не е ајвар.

9. Ајвар? Ќе се вреѓаме сега? Ова не е ајвар ова е кавијар од пиперка!

10. ОВА ГО ПРАВАМ ЗА МАКЕДОНИЈА!

11. Хехе, напиша ајвар. Го дадовме името ние друже, ќе ви падни ова на суд, ајвер треба да пишува…

12. Колеги, колеги полека! Јас сум од тајна полиција, се инфилтрирам во овие опасни криминални синдикати што прават ајвар

Извор : mojo.mk

Прегледи:
339
Ознаки:
Објавено на:
06.10.2016