Категории

12 причини зошто жените кои чуваат мачки се најдобри сопруги

Едно треба да ви биде јасно, жените обожаваат мачки. Но, тоа не значи дека мора да се чудаци на кои судбината им пресудила засекогаш да се сами. Всушност, прочитајте за 12-те причини зошто жените кои ги сакаат мачките стануваат најдобри девојки или сопруги.

1. Тие имаат големо срце

1

Без разлика дали ги посвоиле или спасиле нивните мачки, тие лудо ги сакаат, но во нив има уште многу љубов за давање.

2. Знаат дека балансот е клучот за животот

2

Не мора да се грижите дека ќе ве задушат со нивната преголема љубов. Како горди сопственици на мачки, тие знаат дека понекогаш нивното милениче сака љубов и внимание, а некогаш сака само да биде оставено на мира.

3. Тие не се плашат од своите обврски

3

Ако барате некој кој не се плаши да размислува за иднината, жената со мачки е токму она што ви треба. Тие веќе еднаш се заколнале на верност кон нивните мачки и знаат за среќата што овие крзнени пријателчиња ја носат, па свесни се и за вредностите од посветувањето на една личност.

4. Знаат да се насмеат

4

Мачките се смешни (не за џабе интернетот е преплавен со нив), што значи дека овие жени многу сакаат да се смеат.

5. Не им пречи ако некој друг е во центарот на вниманието

5

Едноставно проверете ги нивните профили на социјалните мрежи. Тие се вистински професионалци кога треба да се направи совршена фотографија и не се срамат да ја споделат со сите.

6. Тие се одговорни

6

Тие ги носат нивните миленици на ветеринар секогаш кога имаат потреба од тоа и редовно ги чистат нивните кутии со песок. Со оглед на тоа што се сметаат себеси како мајки на мачките, одговорноста им доаѓа природно.

7. Нема да избегаат кога е најтешко

7

И покрај сѐ, тие ги сакаат нивните мачки. Дури и откако ќе ги разбудат на сред спиење за да ги галат, кога ги чистат нивните повраќаници од подот (ќе се изненадите колку често се случува ова) или кога ќе им донесат мртов „подарок“. Па, кога врската ќе достигне критична точка, нема само туку-така да побегнат.

8. Знаат да ги ценат едноставните нешта во животот

8

Малите нешта во животот ги прават среќни. На пример, кога нивните мачки се качуваат врз нив за да се галат, покажувајќи им дека ги сакаат.

9. Лојални се

9

Ништо не смее да застане помеѓу нив и нивните мачки, па знаат како да бидат искрени и лојални. Истото ќе го направат и за мажите, ако тие решат да станат дел од нивните животи.

10. Знаат да делат

10

Не се жалат кога мораат да споделат нешто со нивните мачки. Живеењето со ова домашно животно значи и дека со него треба да ја делите вашата храна, кревет, компјутер… Навистина, сѐ што поседувате. Па затоа раскомотете се и чувствувајте се како дома.

11. Тие се посреќни луѓе

Науката докажала дека домашните миленичиња лечат од депресија и овозможуваат емоционална и социјална поддршка. Кој не би сакал да излегува со среќна личност?

12. Знаат да го сослушаат и разберат соговорникот

12

Овие жени постојано зборуваат со нивните мачки. Тие можеби не им одговараат, но тоа не ги спречува секогаш да ги слушаат нивните потреби и мјаукања.

Прегледи:
491
Објавено на:
18.02.2016