Категории

13 кратенки на тастатурата кои ќе ви бидат корисни

Овие кратенки на тастатурата несомнено ќе ви бидат корисни, па зошто да не си го олесните животот и да ги подобрите своите вештини?

F2

Со ова копче можете лесно да преименувате папка и документ.

ALT + F4

Оваа комбинација брзо ќе го затвори прозорецот или програмата.

ALT + Backspace

Дали случајно сте избришале дел од текстот? Не се грижете, можете да го вратите благодарение на оваа комбинација.

CTRL + SHIFT + N

Кога ќе ја притиснете оваа комбинација на вашата работна површина или во папка ќе креирате нова папка. На Google Chrome оваа комбинација создава нов таб (прозорец).

CTRL + T

Оваа кратенка отвора нов таб (прозорец) во секој прелистувач.

CTRL + SHIFT + T

Дали случајно сте затворија важен прозорец? Оваа кратенка го отвора последниот затворен таб (прозорец).

ALT + TAB
Ви овозможува да имате преглед и лесно да се префрлите од еден отворен прозорец во друг.

CTRL + Esc

Отвора мени Старт.

Windows + L

Многу луѓе мислат дека копчето Win е бескорисна, но тоа не е вистина. На пример, ова копче ви помага брзо да излезете од системот. Оваа функција ја користат оние кои често стануваат од своето работно место и не сакаат другите да го користат нивниот компјутер.

Windows + М

Друга корисна комбинација со копчето Win ви помага да се ослободите од преполнетиот екран.
Со притискање на оваа кратенка, ги испуштате сите прозорци на лентата со задачите.

Windows + TAB

Комбинација која ви овозможува да ги видите сите отворени прозорци.

Shift + Delete

Корисна кратенка со која мора да бидете внимателни! Ги брише документите заобиколувајќи ја корпата за отпадоци, поради што нема да можете лесно да ги вратите подоцна.

CTRL + ALT + DEL

Оваа комбинација е волшебно стапче – го отвора менаџерот на задачите (task manager).