Категории

15 факти кои звучат како лага, а всушност се вистинити!

Понекогаш се чини дека нас возрасните повеќе ништо не може да не изненади. И потоа, слушаш нешто како: Нилскиот коњ има млеко во розова боја и мислиш: нема шанси, веројатно тоа не е вистина? Розово? Како милкшејк од јагоди?

Ова се некои интересни факти кои иако звучат како лага, всушност се вистинити:

  • Франкенштајн не е името на чудовиштето, туку на научникот кој го создал.
  • Медузата Turritopsis Nutricula е единственото досега познато бесмртно суштество на земјата.
  • Срцето на синиот кит е толку големо што човек може лесно да плива преку неговите артерии. Но, затоа, неговото грло не е поголемо од тацна за шолја.

  • За секој човек има по 1.6 милиони мравки. Вкупната тежина на сите овие мравки отприлика е иста, како и тежината на сите луѓе на земјата.
  • Октоподот има три срца.
  • Морската раја има 27.000 хеморецептори (сетила за вкус). Тоа е 4 пати повеќе отколку кај луѓето.
  • На Сатурн и Јупитер паѓа дијамантски дожд.
  • Вака би изгледал Јупитер од Земјата, ако би се наоѓал на иста оддалеченост како и Месечината.

  • Во нашиот организам има 10 пати повеќе бактерии отколку клетки.
  • Веројатноста чашата вода од која пиете да содржи молекули на вода, која некогаш била во телото на диносаурусите е речиси 100%.
  • Вака изгледа песокот под микроскоп.

  • Убавиот округлест аквариум е лоша куќичка за златната рипка.
  • Читањето при слабо осветлување или од екранот на мониторот не влијае врз влошувањето на видот.
  • Оксфордскиот универзитет постои подолго од царството на Астеките.
  • На Кипар името на Дедо Мраз е Василије.
Прегледи:
677
Објавено на:
22.10.2019