Енрике Иглесијас и Ана Курникова се ретко фотографирани заедно, бидејќи парот е решен да го чува приватниот живот зад завесата на таинственоста. Па, многу нивни фанови беа изненадени кога славниот пејач и поранешната тенисерка беа „уловени“ од папараците.
Парот, кој е во врска 15 години, беше фотографиран додека излегуваше од ресторан во Беверли Хилс.
35-годишната Русинка се смешкаше додека чекореше покрај 41-годишната музичка ѕвезда.
Иако Ана е мошне активна на Instagram, таа речиси воопшто не споделува фотографии со својот сакан.
A photo posted by Anna Kournikova ? (@annakournikova) on
#friday is here!!! #enjoy your #weekend #everyone ??? #всем #прекрасныхвыходных
A photo posted by Anna Kournikova ? (@annakournikova) on
Романсата на Енрике и Ана започна во 2001 година. Пред две години тие наводно накратко се разделија, но набрзо ја обновија врската.