Категории

15 причини зошто секој маж треба да биде со независна и амбициозна девојка

Тоа е таа силна девојка која секогаш сама ги води своите битки. Одлучна, а сепак чувствителна. Девојката која ќе ве привлече со својата љубов кон светот. Таа која истовремено е независна, но и амбициозна. Девојката која секогаш вели: „Јас можам да го средам ова!“

1. Таа има голема самодоверба бидејќи знае дека нештата зависат од неа. И покрај тоа што чувствува дека си доволна самата себеси, одбира да има романтичен партнер, што од старт ја прави нејзината врска многу пофункционална. Кога сака нешто да успее, целосно се вложува во таа цел.

2. Ќе ве научи дека некои нешта што не сте ни знаеле дека постојат. Има пријатни пријатели и интереси кои без сомнение ќе ве фасцинираат.

3. Не сака да ја чекаат, па затоа и секогаш ќе биде на време, без очекувања дека вие треба да ѝ ја отворите вратата или пак, да нарачате наместо неа.

4. Има голема способност да завршува повеќе обврски во исто време, пред вие и да сфатите дека тие обврски постојат. Нема да седи и да се грижи за проблемите, туку ќе направи план како најбрзо да ги реши.

5. Иако сте слатки и со одлични квалитети, таа не го бара Принцот за да ја спаси. Среќна е со вас, а не со сликата за мажот спасител.

6. Сака да поминува време сама. Не е од оние луѓе кои мора постојано да прават нешто или да се во друштво. Така што, додека вие сте со пријателите, таа ќе поминува квалитетно време со себеси.

7. Несигурноста никогаш не била нејзина слабост. Нема да ви пишува цело време со прашања каде и со кого сте, ниту ќе прави тестови за да ја провери вашата поврзаност. Не, доколку чувствува дека нешто не е во ред, веднаш ќе го каже тоа.

8. Ќе ви каже каде грешите и што од тоа што го правите ја тера да се чувствува тажна. Нема да премолчи ништо за мир во врската, бидејќи смета дека искрениот разговор е основа за мир во врската.

1 2

Прегледи:
698
Објавено на:
09.04.2016