Категории

15 работи кои треба да им ги кажете на вашите деца

Неколку важни работи што треба секое дете да ги слушне од своите родители!

Децата ја апсорбираат енергијата на родителите и многу учат од нив. Кога ги воспитувате децата се плашите да не згрешите па затоа ги задржувате вистинските емоции во вас наместо да им ги покажете.

Многу важно е да имате искрен и отворен однос со своите деца. Поради своите обврски и недостаток на време, многу родители не им даваат доволно емоции и искрен совет на своите деца.
Одвојте време да им кажете на вашите деца колку ги сакате и да ги научите да покажуваат чувства и да се борат за нив. Овие се само некои важни работи што треба вашето дете да ги слушне од вас.

  • Благодарен сум што те имам и многу сум горд на тебе.

  • Твоите зборови имаат смисла и имаш одлични идеи.

  • Горд сум што сум ти родител и не мора да бидеш совршен за да те сакам.

  • Твоето мислење е многу важно за мене, и ти си ми најважен.

  • Ти си сакан и јас верувам во тебе.

  • Ова семејство не би било исто без тебе, многу ми значиш.

  • Имаш право и можеме да направиме како ти што ќе кажеш.

  • Многу ми помагаш, ме правиш среќен родител и ја сакам твојата креативност.

  • Не плаши се да бидеш свој, бидејќи можеш многу работи да промениш.

  • Сакам да го гледам светот со твоите очи затоа што е супер да се биде креативен.

  • Им се восхитувам на твоите пријатели бидејќи се среќни што те имаат.

  • Верувам во тебе затоа што знам дека ќе го направиш најдобриот избор.

  • Кога си среќен и јас сум затоа што ме правиш подобра личност, секогаш биди си свој.

  • Ти простувам затоа што секој од нас прави грешки.

  • Добро ти оди, ако не успееш утре можеш повторно да се обидеш.