Категории

15 совети од еден од најдобрите психолози на светот: „Најбрз пат до неуспехот е да се трудите сите да ве сакаат“

Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и еден од најпризнатите психолози на меѓународно ниво. Тој исто така е првиот човек кој го разви системот наречен „Психолошки аикидо“ и прв кој го употреби.

 

Следните 15 совети ќе ви помогнат во решавање на многу животни ситуации:

1. Ако човек не може ништо добро да каже за себе, тој почнува да зборува лошо за другите.

2. Гризи ја науката, а не грлото на својот ближен, ако навистина сакаш нешто да загризеш.

3. Депресивната состојба му е дадена на човек за да размислува за себе.

4. Никој никого не отфрла, само некој оди напред. Оној кој стои, смета дека е отфрлен.

5. Ако имате добро мислење за себе, зошто е потребно и некој друг да има?

6. Прави што сакаш и не барај дозвола. Нема да ја добиеш.

7. Способноста да се сака и добро да се поднесува самотијата е показател на духовна зрелост. Сѐ најдобро правиме кога сме осамени.

8. Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае, туку и умее. Строгата, незрела личност критикува, а зрелата делува.

9. Не го знам патот до успехот. Но го знам патот до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеш на сите.

10. Нема машка и женска логика, постои способност или неспособност мудро да се мисли.

11. Сакаш да го дознаеш својот главен непријател? Погледни во огледало. Избори се со него и останатите ќе се разбегаат.

12. Постигни успех – навредите ќе поминат.

13. Со пријателите е пријатно да се разговара, со непријателите корисно.

14. Постои само еден валиден разговор за прекинување на врската и работниот однос – неможност на личн раст во дадените околности.

15. Треба да ја делите само радоста и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се израдуваат, непријателите ќе се вознемират.

Прегледи:
622
Објавено на:
10.09.2021