Антон Чехов е еден од најзначајните руски писатели. Роден е во Таганрог на 29. јануари 1860. година, а починал на 15. јули 1904. година. Студирал медицина на Московскиот универзитет и бил лекар, но со пишување се занимавал уште од средношколските денови. Освен по големите дела, тој е запамтен и по мудрите мисли кои и денес се цитираат.
Човекот е она во кое што верува.
Честа не може да се одземе, таа може да се изгуби.
Не можете од калта да барате да не биде кал.
Човекот цел живот живее, цел век учи, но дури несреќата може да не научи.
Здравиот човек има илјада желби. Болниот само една.
Добриот човек се засрамува дури и пред куче.
Човекот треба да се чувствува дека е над лавовите, тигрите, ѕвездите, дека е над сѐ во природата, дури и над она што изгледа необично – во спротивно, тој не е човек, туку глушец кој се плаши од сѐ.
Ни љубовта, ни пријателството, ни почитувањето не можат толку да ги зближат луѓето колку што може заедничката омраза.
Животот, е всушност, многу едноставно нешто, и човекот треба да вложи многу напор за да го расипе.
Ако не знаеш што чувствуваш кон некој човек – затвори ги очите и замисли да го нема. Нигде. Го нема и нема да го има. Тогаш сѐ ќе ти биде јасно.
Сѐ знаат и сѐ разбираат само будалите и аферистите.
Да чувствувате среќа постојано, дури и во моментите на тага и жалостм треба да знаете да бидете задоволни со сегашноста и да уживате во сознанието дека може да биде и полошо.