Категории

15 знаци кои покажуваат дека имате вистински маж до себе

За вкусовите не се зборува, меѓутоа кога станува збор за правилниот избор на партнер, секоја жена треба да обрне внимание на одредени карактеристики кои треба да ги поседува вистинскиот маж.

1. Поседува интегритет и став

Вистинскиот маж е силен кога станува збор за дела, не само за зборови. Интегритет значи целокупност, во превод, добриот и вистински маж е во склад со самиот себе, има став, има свое мислење, едноставно претставува формирана личност.

2. Тој успеал да најде рамнотежа во животот

Семејството и пријателите се секогаш на прво место и тој знае дека тоа се приоритети со кои нема компромиси. Затоа своето време го планира секогаш имајќи ги на ум своите најблиски.

3. Има самодоверба

Ова не значи дека е полн со себе. Луѓето не ги сакаат оние кои се фалат туку оние кои се ценат себеси и имаат силна самодоверба. Таквите едноставно зрачат.

4. Презема иницијатива

Добриот и посакуван маж умее да преземе контрола кога треба, тој е оној кој го прави првиот чекор и со тоа прави жената да се чувствува сигурна и заштитена.

5. Обрнува внимание на деталите

Иако мажите се познати по тоа што забележуваат значително помалку детали од жените, добриот маж секогаш ќе забележи кога жената била на фризер или кога шефот променил нешто во презентацијата. Окото за детали е важно како во врската така и во животот.

6. Пред себе става предизвик да биде подобар секој нареден ден

Поголемиот дел од мажите се воспитувани да веруваат во тоа дека за да ги остварат своите цели и да го добијат она што го сакаат во животот треба да се борат со другите и да ги покоруваат. Вистинскиот маж знае дека треба да се победи себеси и своите стравови и дека е најтешко сам да се мотивираш во тоа да бидеш подобар.

7. Се почитува себеси, но и другите луѓе

Мажот кој е фокусиран врз она кое што сака да го добие, остварува дијалог со самиот себе затоа што токму со тоа се мотивира и добива енергија да продолжи понатаму. Добриот маж е емпатичен и не е злопамтило.

8. Тој е искрен

Иако понекогаш боли, вистината е подобра од лагата која може да го загорчува односот со години.

9. Врз него има влијание личноста која многу ја почитува

Успешниот маж секогаш има некоја личност – ментор зад себе, маж на кој се огледува и до чие мислење се држи.

10. Умерен е

Во делата, чувствата, алкохолот, храната… Не е еден од оние кои ќе ве посрамотат и ќе излезат од контрола ако се напијат. Не е еден од оние кои денес ви изјавуваат љубов, а веќе утре се двоумат дали да ве запознаат со родителите.

11. Се грижи за своето здравје

Теретаната не е само добра заради стомачните мускули и бицепсот. Физичкото вежбање е добро како за телото така и за умот. Нашето здравје е во наши раце, а секоја жена посакува здрав, физички подготвен маж кој се држи до својот изглед.

12. Има визија

Од зрелиот човек се очекува да има визија и план за својот живот. Додека момчињата лутаат по клубовите барајќи забава за една вечер, добриот маж ја бара вистинската со која ќе го подели својот сон, не само постелата.

13. Благодарен е

Нема ништо полошо од вообразени мамини синови кои што се расфрлаат со парите и мислат дека сė е на продажба. Мажот кој секоја жена го посакува е благодарен за сė што има во животот, вклучувајќи ја и неа. Кога човек е благодарен животот му пружа уште многу нешта затоа што умее да го цени она што е негово.

14. Секогаш се труди да научи нешто ново

Учењето е процес кој трае целиот живот, а мажите кои се енергични и жедни за ново искуство и знаења им се многу попривлечни на жените затоа што им даваат до знаење дека со нив никогаш нема да водат досаден разговор.

15. Ја знае важноста на семејството

Жената сака добар маж од една причина – заедно да основаат семејство. Џентлменот кој е добар маж знае дека семејството е најголемото богатство, затоа што поддршката од оние кои те сакаат е непресушен извор на енергија и инспирација.

Прегледи:
763
Објавено на:
28.06.2018