Категории

17 чудни но лековити трикови кои ќе ви помогнат во секојднениот живот

Се подготвувате за состанок, но ве мачат отечените очи, воспаленото поткожно влакно на препоните и не можете да ја смирите нервозата пред состанокот. Тука е листата со лековити трикови, одобрени од експертите, која ќе ви помогне како да се справите со овие, но и со уште 14 други проблеми.

Ви тече носот?

Шмркнете една рака млака вода (додадете и сол), а потоа издувајте го носот. Вашите ноздри ќе бидат чисти во наредните неколку часа.

Имате грчеви?

Загрејте влажна крпа во микробранова околу 30 секунди, проверете ја топлината и ставете ја на вашиот стомак. Ќе ви ги намали грчевите додека да започне дејството на апчињата.

Вашиот здив е лош?

Причина може да биде дехидратацијата, па напијте се 2 чаши вода. Ако миризбата е од луто јадење, пробајте да џвакате магдонос содржи природни состојки за освежување.

Мамурни сте и чувствувате дека ќе се разболите?

Јадете и пијте било што што содржи ѓумбир во себе. Пример пробајте чоколадо со ѓумбир, ќе ви го смири стомакот.

Имате првут?

Масирајте го скалпот неколку минути, ќе предизвика ослободување на природни масла кои ќе го спречат понатамошното создавање.

Се будите со отечени очи?

Држете коцки мраз замотани во хартиена крпа на вашите очни капаци околу 1 минута.

Вознемирени сте и срцето ви чука забрзано?

Масирајте ги вашите слепоочници додека полека и длабоко вдишувате и издишувате за да се релаксирате побргу.

Лошо ви мирисаат пазувите, но немате време за туш?

Отидете во тоалет, избришете ги пазувите со тоалетна хартија и ставете малку течен сапун на нив за да ги маскирате бактериите кои предизвикуваат лош мирис.

Ве боли ноктот?

Ставете го прстот во солена вода ќе го намали отокот и ризикот од инфекција.

Бакнување со партнерот резултираше со црвена брада?

Нанесете лосион или вазелин за да го намалите печењето и црвенилото (само осигурајте се алкохолот да не е вброен во првите 3 состојки бидејќи ќе го зголеми црвенилото).

Имате воспалено внатрешно влакно на препоните?

Држете тоалетна хартија натопена во вода на местото неколку минути или уште подобро ставете коцка мраз. Отокот и црвенилото ќе поминат за 15 минути.

Ве болат петиците од рамни чевли?

Тркалајте го стапалото по шише или лименка 2 минути. Ќе ја растегнете ногата и ќе ви се намали болката во петиците.

Гледате црни кругови во вашето видно поле?

Може да се работи за дехидратација или за недостаток на шеќер во крвта, па напијте се чаша вода и изедете парче овошје.

Мозолче само што не излегло на вашето лице?

Држете метална лажица под жешка вода 10 секунди и притиснете на местото каде ви се јавува мозолчето. Ќе ја одложи неговата појава на неколку часа и ќе биде помало кога ќе се појави.

Стресот ви прави тензија во вратот и рамениците?

Релаксирајте ги гледајќи право, а потоа вртејќи го вратот за 90 степени лево, па десно. Потоа движете ја главата нагоре-надолу, па лево-десно. Повторувајте го ова 10 пати.

Ве чешаат очите од алергија?

Измијте ги со студена вода, чешањето може да биде од поленот заглавен во вашите очи, кој ќе излезе од водата.

Нервозни сте пред состанок?

Направете нешто банално, бришете стари фотографии од телефонот или направете листа со продукти за пазарување. Досадните задачи ја намалуваат анксиозноста.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
644
Објавено на:
23.02.2017