Категории

17 годишна девојка успешно се трансформира во класична, гламурозна дама

Седумнаесет годишната Анелис ван Oвербек позира за автопортрети во гламурозната старомодна облека, презентирајќи се себеси како убедлива двојничка на легендарните дами од минатото. Една посебна икона прва ја инспирирала да го започне тековниот проект – Одри Хепберн. Пред две години, Ван Овербек добила фризура во стилот на Одри Хепберн, која ја открила нејзината невообичаена сличност со филмската ѕвезда. Ван Овербек вели дека полека “станала навистина опседната со неа” и почнала да се облекува во костими инспирирани од класичните улоги на Хепберн.

Оттогаш успешно започнала да се преобразува во многубројни дами од најпознатите филмови. За да се создаде различни изгледи, Анелис ван Овербек меша автентична стара облека и додатоци – вклучувајќи и некои парчиња наследени од нејзината баба – со парчиња од современите продавници како Примарк и H & M. Таа не користи Фотошоп ниту пак фенси камера – секоја фотографија е снимена на нејзиниот Ајфон 6с.

Одри Хепберн/Сабрина

Скарлет О’Хара/Однесено со виорот

Девојката со бисерна обетка

Снежана

Џо/Смешно лице

Девојката со пеги

Ана Франк

Девојката со пеги

Големиот Гетсби

Одри Хепберн/Смешно лице

 

Прегледи:
456
Објавено на:
20.09.2017