Еден од најчитаните македонски автори, Коста Петров е интернационално докажан претприемач, експерт за односи со јавност, најпродаван бизнис-автор, говорник и основач на P World, светската, водечка агенција за настани воедно е и авторот на песната со која Тамара ќе настапи на овогодинешната Евровизија.
„Дечки, со гордост сакам да споделам со вас, дека заедно со Сања Поповска го напишавме текстот за евровизиската песна на Тамара. Proud е песна за нашата Бела и за Хана на Тамара. На 16 мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека се гордеам со себе е секогаш посилно од нивното никогаш нема да бидеш доволно добар/а“, напиша Петров на неговиот фејсбук-профил.
Им посакуваме среќа и што подобар пласман на Евровизија!