Категории

19 КУИНСКИ ТРИКОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

Овие куински тајни и трикови нема да ги најдете во ниту еден готвач, а ќе ви откријат како да го спасите загореното јадење, како да ја продолжите свежината на овошјето и зеленчукот, како да направите вкусен мус и многу други корисни кулинарски тајни.

Спречете развој на бактерии во млечните производи

За павлаката и сирењето да ви траат подолго, превртете го наопаку садот во кој ги чувате. Така ќе се направи вакум кој спречува развој на бактерии поради кои храната се расипува.

Продолжете ја свежината на зеленчукот

Обложете ја полицата во фрижидерот со хартиени марамчиња за да се впие вишокот на влага, која го забрзува гниењето на зеленчукот.

Проверете дали јајцата се свежи

Ако не сте сигурни дека јајцата се свежи проверете како се однесуваат во чаша вода. Свежите јајца потонуваат, а расипаните пловат на површината.

Како да не ви се стврдне кафениот шеќер

Чувајте го кафениот шеќер во фрижидер. Ако веќе се стврднал можете да го омекнете со тоа што ќе го ставите во цврство затворена кеса со кришка јаболко или свеж леб.

Не дозволувајте да ви се згрутчи солта

Ставете неколку зрна ориз во соларникот. Оризот ја апсорбира влагата која може да доведе до згрутчување.

Како да не исуши сирењето

Спречете го сушењето на страните на тврдото сирење така што ќе ги намачкате со путер или маргарин. Ова најдобро функционира кај сирењата премачкани со восок.

Како путерот да остане свеж

Ако видите путер на попуст, слободно купете го, бидејќи можете да го чувате во замрзнувачот и до половина година. Само ставете го во вакумиран сад да не поприми мириси од другата замрзната храна.

Како шампањот повторно да биде пенлив

Не го фрлајте шампањот ако меурчињата испарат. Ставете во него зрно, две суво грозје и поради природниот шеќер повторно ќе се јават меурчиња.

Претворете го пудингот во мус

Подгответе го пудингот од кеса со слатка павлака наместо со млеко или вода и ќе добиете мус до богат вкус.

Вратете му ја бистрината на медот

Верувале или не, медот е продукт кој не се расипува, па ако се кристализира или стане матен никако не го фрлајте. Загрејте ја теглата во топла вода за средна температура (не премногу жешка, бидејќи така ќе го изгорите) додека не ја добиете бистрината повторно и „проблемот“ е решен.

Како да ја спасите пресолената супа

Додадете му на вашето пресолено јадење неколку парчиња компир или морков, за да ја апсорбираат солта. Провријте ја супата 10тина минути, а потоа извадете ги. Ако ни тоа не помогне, додадете малку шеќер или јаболков оцет. Последната опција е да го разблажите јадењето со уште вода, но на тој начин ќе изгубите и од вкусот.

Ослободете се од вишокот на масти од супата

Не очајувајте ако вашата супа е премногу мрсна. ако Ако имате време ставете го садот со супа во фрижидер, а потоа тргнете ја стврднатата маснотија од површината и прегрејте ја супата. Ако брзате ставете неколку коцки мраз во супата и отстранете ги веднаш откако ќе видите дека маснотијата се залепила за нив. Можете да се обидете и да ставите голем лист зелена салата за го апсорбира вишокот на масти. Извадете го листот кога ќе стане мек.

Ублажете го вкусот на загорено млеко

Ако млеко ви загорело, додадете прстофат сол и загорениот вкус и мирис ќе биде ублажен.

Забрзајте ги зреењето на овошјето

За зеленото овошје да узрее преку ноќ ставете го во хартиена ќеса со едно јаболко, бидејќи тие испуштаат гас етипел, кој го забрзува процесот на зреење кај другите овошки.

Спасете го загорениот сос

Ако ви загорел сосот и немате веќе маснотија од печењето, измешајте лажичка путер од кикирики во секоја шолја сос. Тоа би требало да го елиминира загорениот вкус.

Ослободете се од непријатниот мирис во пластичните садови

Бидејќи пластиката е порозна садовите често го задржуваат мирисот и после перењето. Ослободете се од непријатните мириси така што ќе ги наполните садовите со изгужвани весници кои ќе го впијат мирисот.

Како да ја спасите загоренатa тава

За да ја исчистите загорената тава на дното истурете сода бикарбона, додадете 4-5 лажици сол и доволно вода за да ги покрие, и оставете ја тавата да одстои така преку ноќ. Следниот дел исчистете ја го гумена спатула.

Исчистете го нер’ѓосувачќиот челик

Алкохолот одлично ги чисти дамките на нер’ѓосувачќиот челик. Истурете малку алкохол на памук и исчистете ги проблематичните делови.

Како да исполирате бакар

За полирање на бакарот можете да користете кечап. Само истурете го кечапот на садов и изгланцајте го со крпа.

Прегледи:
815
Категории:
Занимливости
Објавено на:
10.01.2016