Секогаш е интересно да се научи нешто ново за она што сме, што нè мотивира, како се менува нашето однесување и расположение. Ова се неколку интересни психолошки факти кои ќе ви помогнат да ја подобрите вашата врска со луѓето, животот, а некои од нив и ќе ве изненадат.
1. Пријателство склопено помеѓу 16-та и 28-ма година обично е најсилно и најдолготрајно.
2. Жените ги привлекуваат мажи кои имаат малку рапав глас, бидејќи делуваат самостојно, но не и агресивно.
3. Најчесто најдобрите совети доаѓаат од луѓето кои поминале низ многу тешки моменти.
4. Колку е поголема интелигенцијата на една личност, толку побрзо таа мисли, а нејзиниот ракопис е помалку разбирлив.
5. Емоциите не влијаат врз нашата комуникација, туку обратно, начинот на кој зборуваме влијае врз нашето расположение.
6. На првиот состанок, можете многу да научите за карактерот на личноста со која излеговте според тоа како се однесува кон келнерот.
7. Луѓето кои чувствуваат вина полесно ги препознаваат емоциите на другите.
8. Мажите не се повеќе хумористични од жените, тие едноставно се шегуваат повеќе и не мислат дали нивната шега ќе им се допадне на другите.
9. Антисоцијалните луѓе имаат способност да зборуваат за себе на јасен и концизен начин.
10. Жените имаат двојно повеќе рецептори за болка отколку мажите, но нивниот праг на болката е двојно повисок.
11. Кога слушате многу гласна музика, станувате помирни, посреќни и порелаксирани.
12. Доколку не можете да заспиете запишете ги вашите мисли на хартија. Благодарение на ова, вашиот ум ќе се ослободи од проблемите и полесно ќе заспиете.
13. СМС пораки за добро утро или добра ноќ го активираат делот од мозокот кој е одговорен за среќата.
14. Ако го правите она што најмногу ве плаши ќе бидете посреќни.
15. Во просек, една личност може да чува тајна 47 часа и 15 минути.
16. Луѓето кои постојано се обидуваат да ги развеселат другите често остануваат сами на крајот.
17. Двојазичните луѓе може несвесно да ја променат својата личност кога се префрлуваат од еден на друг јазик.
18.Патувањата се корисни за вашето ментално здравје, а го намалуваат и ризикот од срцевиот удар и депресија.
19.Луѓето изгледаат попривлечно кога зборуваат со ентузијазам за нешто што навистина ги интересира.