Категории

Богатиот сопственик на IKEA купува и носи само стара облека

Основачот и сопственик на IKEA, Ингвар Кампард изјавил дека ја купува сета своја облека на старо и веќе носена за да заштеди пари. Во документарната емисија што ја емитуваше шведската телевизија TV4, тој кажал дека мисли дека сета облека што ја поседува и носи во моментот е купена на старо.

Овој милијардер е четврт на листата на Forbes за најбогати луѓе во светот, но е познат по својата штедливост. Според него, причината за штедливоста е за да даде добар пример за останатите, а додава и дека благодарение на таквите навики помогнал Ikea да стане врвен светски бренд.

Неговото богатство се проценува на околу 65,5 милијарди евра, но тешко е да се утврди со точност што му припаѓа лично нему, што е на неговата фамилија, а што е на нивната фондација која е регистрирана во Лихтенштајн, држава која е позната по даночните олеснувања.

Прегледи:
401
Објавено на:
11.03.2016