Кога си згодна, атрактивна, сексапилна, привлечна и пожелна… како Марјана Станојковска, мора да си подготвена на секакви изненадување.
Така, додека деновиве нашата лото девојка, ја промовуираше кампањата и го претставуваше новиот „Дијамант“ – како што се вика најновиот инстант лоз на „Државна лотарија на Македонија“, и нејзините обожаватели не седеа мирно.
Напротив, оние најверните, или поточно еден од веројатно највљубените во нашиот „лото дијамант“ – згодната Маријана, реши да повлече потег.
Ако може неговото „бело рипче“ да ги прави луѓето „да блеснат од радост“ преку социјалните мрежи, може и тој да се обиде да дојде до сопствената среќа на истиот начин. Па страв – не страв, срам – не срам, и прати неколку подвижни сликички ( Гиф-ови)… Колку за да и покаже колку е лудо вљубен во неа!
А на едната од нив… Машко клекнато на колена како со роза врака ја бара за животна сопатничка својата љубена! И ај не блескај од радост после да те видам? Ама од друга страна, ај кажи му – ДА… на непознат!
Извор: Вистина.мк