Категории

Наједноставниот совет како да ја пронајдете вистинската љубов!

Кога минуваме низ 20-те и 30-те години, имаме доволно време и искуство од кое можеме да научиме нешто за себе и животот, што сакаме, а што не. Зошто тогаш да ги трошите тие години со акцент на личност која можеби не сте ја сретнале, а имате цел живот пред себе да ја сретнете. А доколку сте една од оние среќници која ја има и љубовта на својот живот и своето универзитетско искуство рака под рака, сметајте се себе си за благословени и држете се до тоа.

Но, за оние кои можеби до сега не се погодени од аморовата стрела, почекајте, љубовта ќе дојде кон вас кога ќе бидете подготвени за тоа. Таа ќе дојде како блесок на судбината, ако сакате да дојде, и ќе клекне. Да ја наречеме вака: таа(љубов) ќе дојде кога не ја очекувате и тогаш ве удрира најсилно – и нели е тоа она што животот го прави така трагично прекрасен.

Кога ќе престанете да ја барате љубовта, таа ќе ве пронајде вас. До тогаш, верувајте дека универзумот знае што прави и насочете се на себе, работете на себе за да бидете најдобрата верзија кога љубовта ќе ви тропне на врата или кога ќе налетате на неа, позади аголот на вашето омилено кафуле. Таа ќе дојде и верувајте во тоа, а кога тоа ќе се случи, ќе знаете дека било вредно да се чека.

 Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
484
Ознаки:
· ·
Објавено на:
07.11.2016