Категории

Ова е двојката од САД која на Лото фати пола милијарда долари

Џон Робинсон и неговата сопруга Лиса синоќа објавија дека се добитници на 528,8 милиони долари на американската лотарија.

Брачната двојка од Тенеси купила едно до трите добитни ливчиња, а вкупната добивка која ќе биде поделена е 1,58 милијарди долари.

Џон и сопругата живеат во градот Манфорд, каде го купиле ливчето, а тие ќе може да избираат дали ќе го добијат износот од 500 милиони долари на 30 рати или веднаш да им се уплатат 337 милиони долари.

Според правилата на Лотаријата на Америка мора да се потврди добивката, а Џон мора лично да се појави со добитното ливче. За појавувањето на телевизија се одлучиле по советот на адвокатот, кој во меѓувреме го изнајмиле, а наскоро планираат да најмат и финансиски советник.

Иако добиле сума на пари која никогаш нема да можат да ја заработат, двајцата тврдат дека уште некое време ќе ги задржат своите актуелни работни места. Џон работи во склад, а неговата сопруга е вработена како дерматолог.

Преостанатите двајца добитници се уште не се јавиле, но познато е дека среќките биле купени на Флорида и во Калифорнија.

Прегледи:
483
Објавено на:
18.01.2016