Категории

Овие знаци укажуваат дека сте во врска со погрешен човек

Сите имаме сомнежи, но ако чувствувате кој било од следните знаци, веројатно си го трошите времето на погрешно лице. 

1. Со него не сте „свои“
Пријателите ви велат дека сте се смениле. Секогаш внимавате што ќе кажете или како ќе се однесувате во негово присуство, бидејќи партнерот знае да биде критичен кон вас. Никогаш не сте сосема опуштени покрај него, дури ни по неколкуте месеци во врска. Ако не можете да бидете она што навистина сте, размислете добро што да направите и зошто. Никој не е вреден за таква жртва.
2. Несреќни сте
Вистина е дека партнерот не е одговорен за вашата среќа, но секако треба да ви го разубави денот. Кога сте во врска со вистинското лице, уживате во неа и имате чувство на среќа. Ако поголемиот дел од времето сте несреќни, а особено кога сте со него, тоа може да биде знак дека тој не е вистинскиот за вас.
3. Ве исцрпува 
Наместо дружењето со него да ве наполни со енергија, поголемиот дел од времето се чувствувате емотивно исцрпено. Како постојано да има некој приговор или, едноставно, негативен поглед кон животот. Лицето со кое сте во врска треба да ве турка напред, а не да ве влече во провалија со себе.
4. Фактор на пријател 
Ако сте со некого што не сакате да го претставите на пријателите, тоа не е добар знак (и запрашајте се зошто). Ако сте со некого што не сака да ве претстави на пријателите, тогаш тоа е втор лош знак. Ако вашите блиски пријатели изразат загриженост поради вашата врска, не го занемарувајте нивното мислење. Тие можеби гледаат пообјективно од вас, затоа бидете отворени и послушајте што имаат да ви кажат.
5. Никогаш не размислувате за заедничката иднина 
По некое време во врска, нормално е да почнете да мислите што би ви донела иднината како двојка. Ако сте подолго со некого, а едноставно не гледате каде води таа врска, не е лошо да размислите зошто воопшто сте во него и што навистина барате.
Извор : Убавина&Здравје.мк
Прегледи:
544
Објавено на:
27.09.2017