За да носите високи потпетици не е важно да имате навика постојано да носите, туку едноставно потребно е да ја зајакнете стабилноста на телото и да ја подобрите рамнотежата.
Кога телото ќе стане стабилно, одењето на високи потпетици ќе биде помалку незгодно, односно помалку опасно и болно за целото тело.
Ако сте една од девојките која сака да оди на високи потпетици, ова се вежби кои ќе ви го зајакнат телото и ќе ви ја олеснат „работата“.
Баланс на една нога
Со една нога застанете на под, телото исправете го во права линија. Во раката спротивна на ногата со која стоите на подот земете тег и исправете ја и соберете ја раката 10 пати. Потоа вежбата повторете ја и со спротивната нога и рака. Направете 3 серии од оваа вежба.
Подигнување на задникот со помош на пилатес топка
Легнете на под, рацете поставете ги покрај телото, за да можете да се потпирате. Нозете испружете ги и потпрете ги на пилатес топката и подигнете го задникот. Останете во оваа положба 10 секунди, притоа внимавјќи мускулите да ви останат стегнати и дишете правилно. Повторете ја оваа вежба 10 пати.