Категории

2 ЗНАЦИ ДЕКА ЉУБОВТА ЌЕ ТРАЕ ЦЕЛ ЖИВОТ: Еве што е важно при изборот на партнер

Кога барате партнер за цел живот, секогаш потрудете се да ги почитувате овие 2 работи!

Кога барате личност со која ќе го поминете остатокот од вашиот живот, треба само да обрнете внимание на овие две работи.

 

Правило број 1. Од самиот почеток треба да биде сè едноставно

Од моментот кога ќе се сретнете сè треба да биде едноставно и лесно. Ако сметате дека можете да и кажете сè на таа личност, тогаш тоа е тоа. Ако околу повеќето работи се договарате лесно – не испуштајте ја таа личност!

 

Едноставното значи добро. Комплицираното е лошо.

Голема грешка е ако имате покрај вас личност која бара од вас да се менувате, прилагодувате, правите работи што не ви одговараат. Порано или подоцна ќе ви биде здодевно постојано да се менувате. Тоа е премногу заморно е и не држи вода. Ако постојано треба да се докажувате – тој не е за вас, барајте понатаму.

 

Правило број 2. Врската мора да донесе радост!

Ако не се чувствувате задоволно, среќно и исполнето во врската – бегајте одма! Ако страдате и плачете поради него, тој не е човекот за вас. Не размислувајте премногу: тоа едноставно не е нормално. Тоа е патот до пеколот.

Ако само една личност во врската носи смеа и задоволство и таа врска е безначајна. Многу луѓе со години молчат и страдаат во врска што не ги исполнува. Чекаат нешто да се промени. Но, таа промена никогаш нема да случи.

 

Ако неговите зборови ве прават тажни или вознемирени, истиот момент заминете.

Врската со партнерот мора да биде нешто што ќе ве направи среќни, на што ќе се свртите кога ќе имате тежок период на работа или кога имате проблем. Вашата друга половина мора да биде некој кој ќе знае да ве натера да се смеете и да ве сослуша!

Тоа не е некоја наука – тоа е сосема едноставно!

Прегледи:
425
Објавено на:
24.10.2019