Категории

20 години „Дубиоза Колектив“

Оваа година меѓународно најуспешниот бенд од регионов, босанскохерцеговинскиот „Дубиоза Колектив“ одбележува две децении постоење. Од првиот настап на „Дубиоза Колектив“ во 2003 и првиот албум објавен во 2004 сѐ до актуелниот „Агрикултура“, имаат снимено 10 албуми, 1 ЕП и двоен албум во живо. Со изведби на сите меридијани, тие имаат одржано преку илјада концерти во 42 држави, а на уличните, ад-хок свирки не им се ни знае број.

 

По пандемиската пауза во која за својата публика продуцираа 17 епизоди на нивното „Карантин Шоу“, постпандемиската турнеја на „Дубиоза Колектив“, насловена „Back on the Road“, започна лани во март, а до крајот на декември веќе одржаа скоро 100 концери во 23 земји.

Во Европа свиревме во сите држави освен Исланд, Молдавија, Белорусија и Латвија. Би ја искористиле оваа прилика да ги повикаме концертните промотори од овие држави да нѐ повикаат па и таму во рамки на јубилејната дваесетгодишнина да отсвириме некој концерт, чисто за статистика“, кажува Ведран Мујагиќ. „Шегата на страна, доволно е да се помисли на преку илјада тонски проби и четири потрошени комбиња, да пробаме да го помножиме бројот на концетите со бројот на пројдени километри, а сѐ тоа со бројот на денови кои сме ги поминале на пат. Така станавме она што сме – работејќи го она што го сакаме и во кое веруваме. Нашиот живот е музиката и нашите семејства заедно со нас го живеат музичарскиот живот.

Глобално, „Дубиоза Колектив“ е најдобриот извозен музички производ од Босна и Херцеговина на сите времиња, со огромен број на меѓународни концерти, бенд кој во 20 години постоење ја освои публиката од различни возрасти во секој дел од планетата.

 

„Дубиоза“ поминаа долг пат од клупски концерти до главните сцени на најголемите светски фестивали и турнеи на сите континенти. Пред неколку години ги срушија сите тогашни рекорди на посетеност на сцената на „ЕГЗИТ“, а настапија и пред половина милион луѓе на полскиот „Вудсток“, денешен „Пол’н’Рок“. „Гластонбери“ (ОК), „Сигет“ (Унгарија), „Роскилде“ (Данска), „Лоулендс“ (Холандија), „Похода“ (Словачка), „Вомад“ (Чиле), „Лолапалуза“ (Германија), „Саут бај Саутвест“ (САД), „Бум Таун“ (ОК), „Електрик Касл“ (Романија), „Вина Рок“ (Шпанија) се само некои од големите фестивалски сцени на кои „Дубиоза Колектив“ имаат настапувано во текот на годините.

Овој јублиеј, Дубиоза ќе го прослави во кругот на големото семејство т.е. публиката за која свириме. Не сум некој љубител на прославување јубилеи“, кажува Брано Јакубовиќ, „но овој го славиме со надеж дека ќе ја добиеме онаа бомбониера која со години кружи по родендени, а никој не сака да ја отвори, бидејќи секогаш се наоѓа за и понатаму да се подарува. На секој концерт се радуваме како да е прв и свириме како да е последен, а во 2023 година ќе свириме на голем број концерти од кои веќе се најавени настапите во Германија, Франција, Австрија, Бугарија, Белгија, Шпанија, Хрватска, Србија и Словенија.

 

Погледнете го видеото за 20 годишнината на ДК:

Прегледи:
307
Објавено на:
20.02.2023