Категории

20 незаборавни цитати на еден од најгенијалните луѓе на сите времиња Никола Тесла

Ако постои човек кој знаеше како да ја смени реалноста, тогаш тоа е тој. Го нарекувале фантазер, ги исмејувале неговите идеи, но времето покажало сѐ. Тој лесно создавал откритија, како од шега. Велел дека техничките откритија сами од себе му паѓаат напамет. Се смета за еден од најгенијалните луѓе на сите времиња.

Неговата работа овозможи развој на модерната електротехника. Неговите пронајдоци ја променија реалноста со помош на свеста. Прекрасните цитати и мисли на Никола Тесла затоа остануваат вечни и надвор од секој временски рок!

1. Делувањето дури и на најмалите суштества доведува до промена на целиот Универзум.

2. Мојот мозок е само приемник. Во Универзумот постои атом од кои црпиме знаење, сила, инспирација. Не ги открив тајните на овој атом, но знам дека постои.

3. Не ми требаат модели, цртежи, експерименти. Кога ми се раѓаат идеите, почнувам да го градам уредот во мојата фантазија, ја менувам конструкцијата, го подобрувам и го вклучувам. И потполно ми е неважно дали спроведувам испитувања во мислите или во работилницата – резултатите се исти.

4. Дали ви е познат изразот „не може да скокнете над глава“? Тоа е заблуда. Човек може да направи сѐ.

5. Големата мистерија на нашето постоење допрва треба да се открие, може да се покаже дека дури ни смртта не е крај.

6. Најголемата цел на човековиот развој е потполна доминација на свеста над материјалниот свет, употреба на силата на природата за задоволување на човечките потреби.

7. Животот е и секогаш ќе биде равенка, која не може да се реши, иако содржи неколку познати фактори.

8. Современите научници длабоко размислуваат наместо јасно да размислуваат. За да размислувате јасно, мора да имате здрав разум, а за длабоко размислување може да бидете потполно луд.

9. Ова е проблемот кај многу пронаоѓачи: им недостасува трпение. Им недостасува сила, волја да направат нешто со своите умови полека, прецизно и јасно, така што ќе почувствуваат точно како ќе функционира тоа. Сакаат веднаш да ги испитаат првите идеи кои ќе им паднат напамет, и како резултат на тоа, трошат многу пари и многу добар материјал, само за емпириски да утврдат дека работат во погрешен правец. Сите ние правиме грешки и подобро е да ги правиме пред да почнеме нешто да работиме.

10. Нашиот свет е нурнат во огромен океан со енергија, ние летаме во бесконечен простор со незамислива брзина. Сѐ се врти наоколу, сѐ се движи – сѐ е енергија. Ние имаме тешка задача – да пронајдеме начин да ја извлечеме таа енергија. Тогаш, извлекувајќи ја од тој неисцрпен извор, човештвото ќе тргне со гигантски чекори напред.

11. Ширењето на цивилизацијата може да се спореди со оган: најпрво е тоа слаба искра, потоа треперлив пламен, а потоа силен пламен со брзина и енергија.

12. Колку луѓе ме нарекоа фантазер, потсмејувајќи им се на моите идеи, нашиот заблуден кратковид свет. Времето ќе ви пресуди.

13. Секој треба да го смета своето тело за непроценлив дар од сите оние кои најмногу ги сака, величенствено уметничко дело. Убавина која не се опишува, тајна која лежи во замислата на човечкото постоење, толку е суптилна што зборот, дишењето, погледот, па дури и мислата може да повреди. Неуредноста која ја намножува болеста и смртта не е само самоуништувачка, туку и неверојатно аморална навика.

14. Го исеков прстот и тој крвари: тој прст е дел од мене. Ја гледам болката на пријателот и таа болка ме боли и мене: ние сме едно со пријателот. И гледајќи го повредениот непријател, дури и оној за кого најмалку би жалел во целиот Универзум, сепак чувствувам тага. Зар тоа не е доказ дека сите сме честички на една целина?

15. Во постојана самотија, умот станува поостар. За да се мисли и пронаоѓа, не е потребна голема лабораторија. Идеите се раѓаат во услови на отсуство на влијание од надворешните услови на умот. Тајната на пронајдоците е во самотијата. Во самотијата се раѓаат идеите.

16. Не постои ништо што би можело даго привлече вниманието на човекот и заслужува да биде предмет на проучување од природата. Да се разбере нејзиниот огромен механизам, да се открие нејзината создавачка сила и да се знаат законите кои управуваат со неа е најголемата цел на човековиот разум.

17. Не е големо зло ако студентот погреши: но ако грешат големите умови, светот скапо ќе ги плати нивните грешки.

18. Кога бев соочен со некоја исцрпувачка задача, работев на неа и се враќав повторно и повторно додека не ја завршев. Тоа го практикував од ден за ден, од утро до вечер. Најпрво тоа бараше силен ментален напор насочен против склоностите и желбите, но како што одминуваа годините, ова спротиставување се намалуваше и на крај мојата волја и желба станаа едно исто. Такви се тие и денес, а тоа е тајната на сите мои успеси.

19. Интуицијата е нешто кое се наоѓа пред точното знаење. Нашиот мозок поседува, без сомнение, многу чувствителни нервни клетки, кои ни овозможуваат да ја почувствуваме вистината, дури и кога сѐ уште е недостапна на логичните заклучоци или другите ментални напори.

20. Нашите маани и нашите доблести не се раздвоени, како силата и материјата. Ако се раздвојат, човекот веќе нема да постои.