Категории

20 работи кои свекрвата ги премолчува, а ви ги мисли!

Односот снаа-свекрва умее да биде прилично заплеткан. Ретко кој може да се пофали дека има одлична врска со снаата или свекрвата.

Бабите на шега велеа дека најдобро го проживеале животот додека не добиле свекрва и додека не станале свекрви.

Со цел да ставиме крај на овој замрсен однос и еднаш засекогаш да заживееме сложно како што тоа го прават бабите и зетовците, топло препорачуваме да ги прочитате следните работи кои ѝ поминуваат низ умот на вашата свекрва, а најчесто ви ги премолчува:

 

Боли кога ќе те заменат

До бракот, таа била жената која е на прво место во животот на мажот, а сега одеднаш добива според улога. Дадете ѝ време да се адаптира на промената.

Знам дека син ми сега е твој маж

Но, тоа не значи дека престанува да биде нејзин син. Без обѕир на фактот што тој е веќе пораснат и ја пронашол жената на својот живот, мајчината грижа никогаш нема да престане.

Ти недостига самодоверба

И најситниот коментар и сугестијата од нејзината уста снаата го доживува како директен напад и критика, па понекогаш свекрвите навистина многу внимаваат со цел да не ве навредат.

Малку благодарност не е на одмет

Можеби не ви се допаѓа подарокот кој ви до одбрале за роденден или Нова година, но жената сепак одвоила време и пари од буџетот за да ви го купи. Вниманието е најважно, па заблагодарете ѝ се.

Го сакам најдоброто за тебе и за мене

Мајките, односно свекрвите често пати повторуваат дека им е важно само синот да е среќен, но тоа што го премолчуваат е дека истовремено сакаат – и тие да бидат среќни.

Всушност, сакаат да бидат вклучени во вашиот живот, сакаат да ги прашувате за совет и мислење и понекогаш да им се јавите без никаков повод или причина, освен обичен разговор.

Имам многу искуство

На пример, кога купувате или продавате недвижности. Твојата свекрва знае дека планирате да купите стан. Исто така свесна е дека знаете како таа веќе купила и продала неколку станови во животот, но никој од вас не ја прашува ништо на таа тема. Зошто?

Доаѓам на кафе

Да ве види вас, а не состојбата на вашата куќа. Свекрвата секако не очекува дека вашиот дом ќе блеска од чистота со две мали деца. И таа некогаш била млада мајка и свесна е како изгледа куќата преполна дечиња.

Опуштете се кога свекрвата доаѓа на кафе, не доаѓа во инспекција, туку доаѓа на дружба и помош најчесто.

Навистина сум благодарна…

… што снаата не се буни кога синот доаѓа понекогаш сам во семејниот дом да испие едно кафе со мајка му. Бидејќи секоја мајка ги цени моментите кога е насамо со своето дете.

Имам една мала тајна

Тоа е потајниот страв дека ќе ги прекинете сите контакти со неа доколку нешто погреши.

Не сакам да се натпреварувам со сваќата

Некои свекрви навистина немаат доволно финансии да купуваат скапи подароци за децата, снаите или внучињата. Константното „натпреварување“ со сватовите понекогаш исцрпува.

Среќна сум што ве имам

Кога свекрвата доаѓа да преспие кај вас, ја дочекува подготвена соба, чисти крпи, омиленото јадење или колачи и сè останато што ќе ѝ затреба. И тоа е нешто прекрасно на кое верувајте, е многу благодарна.

Ги чувам работите кои ми ги подарувате

Без разлика дали се работи за скап подарок, обичен магнет од патување, разгледница или детски цртеж. Бидете сигурни дека свекрвата чува сè од најмилите.

Не треба да ме викаш мама

Тоа секако не се очекува од вас, но таа би сакала да ја чувствувате како доволно блиска за отворено да разговарате за што и да ви е потребно.

Сакам само да ве усреќам со моите мали гестови

Ако купила или направила нешто погрешно, дадете ѝ до знаење, секако на фин и културен начин.

Ти благодарам што го правиш син ми среќен

Доколку не ви го кажала ова досега, тоа е само затоа што не сака да мислите дека ви се умилкува. Но, свекрвата е навистина благодарна која нејзиното дете е среќно поради жената која ја одбрал.

Очајно сум љубопитна

Кога ќе станам баба?

Свесна сум дека „рокот на траење“ ми поминува

Или во превод, остатокот од времето сакам да го поминам во среќа со вас, а не во кавги за мали ситници.

Би сакала да сме поблиски

Последен пат кога се видовте одвај разменивте два збора. Доколку мислите дека има некој проблем меѓу вас, решете го со време и разговор.

Кога ѕвонам до 8 часот наутро во сабота…

… се надевам дека не спиете и нема да ми се налутите.

Имав исполнет, возбудлив и комплициран живот

Вашата свекрва е личност, иако вие ја категоризирате само како жена на вашиот маж. И таа имала подеми и падови, желби и многу искуство. Таа е како и секоја друга жена. Не е само свекрва.

извор:локално.мк

Прегледи:
523
Објавено на:
30.10.2017