Категории

ФОТО: 23-годишен уметник роден без раце создава импресивни портрети

Некои луѓе не се откажуваат од своите соништа. И покрај тоа што е роден без раце, Мариус Кеџерски од Полска се изборил да стане уметник и да му го покаже на светот својот талент.

23-годишниот артист веќе седум години е посветен на уметноста. „Уметноста е мојот живот веќе седум години. Оттогаш имам насликано 700 цртежи, за кои потрошив 15.000 часа“ – вели Мариус. 

Тој во изминатиов период патувал низ популарни туристички дестинации низ Европа и ги создавал своите најнови дела низ улиците на градови како Лондон, Амстердам, Париз, Рим и Атина.

Амбициозниот артист цели да ги инспирира луѓето да си следат своите соништа без оглед на пречките кои излегуваат на нивниот пат и да покаже дека сите ограничувања се наоѓаат само во нашите глави.

02

03

04

05

06

Кеџерски има учествувано на повеќе уметнички натпревари и има освоено второ место на „Best Global Artist“ во Виена 2013 година.

07

08

09

10

11

14

15

16

18

20

21

Прегледи:
477
Објавено на:
30.01.2016