Категории

23 годишна блогерка престанала да носи градник и испраќа порака дека виснатите гради се реалност

Chidera Eggerue е 23 годишна блогерка од Лондон која го започна движењето #SaggyBoobsMatter кое има за цел да поттикне позитивно гледање на женското тело со својот природен изглед.

Секогаш се срамела од својот изглед, но работите се промениле во 2017 година кога таа решава да го фрли градникот и гордо да ги носи своите виснати гради.

Таа го води блогот Slumflower,  каде зборува за важноста да се сакаш себе си и сите твои маани и доблести.  На светот му покажа дека свиснатите гради се реалност и жените нема зошто да се срамат од нив. Напротив, треба да се горди на своето тело и да не го кријат. Нејзините фотографии станаа вирални, таа доби голема подршка на Инстаграм и Твитер, но сепак како и секогаш постојат и негативни коментари.

 

A post shared by Chidera (@theslumflower) on

„Прогрес има, но сеуште имаме долг пат пред нас во однос на начинот на кој зборуваме за женските тела.“ вели таа за Insider. „Сфатив дека потешко се решаваат да се приклучат во движењето за позитивно гледање на телото слабите жени, но сите имаме работи што висат

Таа исто така споделува пораки од луѓе кои го споделуваат своето искуство и даваат подршка, бидејќи многумина се пронајдоа во нејзината приказна и таа е инспирација за многу жени.

„Јас сум жена со виснати гради. Секогаш се срамев заради тоа. Но се појави ти и со прифаќањето го направи да изгледа секси и ме поттикна мене да го направам истото“ вели една порака. 

 

Eggerue вели за INSIDER дека на 19 години престанала да се мрази себе си.

 

„Се уморив од наоѓајќи причини да се осудам себе си и се чувствував исцрпена од идејата да избегнувам одредени парчиња облека што ќе ја откријат положбата на моите гради. Почнав со донесување мали одлуки како да не носам градник од 19-годишна возраст.“

Престанав да носам градник за себе, но #SaggyBoobsMatter кампањата за ја започнав заради другите, за да ги охрабрам и другите.