Категории

25 култни цитати на Габриел Гарсија Маркес

Го сакаме поради неговите дела обвиени со митови и мистерии, кои може да ги читаме повторно и повторно. Тој кажал многу за човештвото, магичниот свет во кој луѓето сакаат и живеат вистински. 

„Не дозволувај да умреш, а да не го доживееш ова чудо – да спиеш со оној кого го сакаш.“

„Не е вистина дека луѓето не ги исполнуваат своите соништа затоа што пораснале, пораснале затоа што престанале да си ги остваруваат соништата.“

„Луѓето кои ги сакаме, би требало да умрат заедно со сите свои работи.“

„Сѐ околу нас е живо. Потребно е само да се разбуди нејзината душа.“

„Ако ја сретнете својата права љубов, треба да знаете дека таа нема нигде да избега од вас – ни за една недела, ни за месец, ни за година.“

„Во животот не е важно она што ќе ви се случи, туку она на кое се сеќавате и начинот на кој го помните.“

„Лагата е поудобна од сомнежот, покорисна од љубовта, потрајна од вистината.“

„Ако во некоја работа е вклучена жена, јас знам, дека сѐ ќе биде добро. Мене одамна ми е сосема јасно дека жените управуваат со светот.“

„На трпезариската маса може да се сака исто како и во креветот.“

„Биди насмеан, не дозволувај и задоволство на неволјата.“

„Во семејниот живот многу е полесно да се избегне несреќата, отколку глупавите ситни кавги.“

„Одговори му „Да“. Дури и ако умираш од страв, дури и ако зажалиш подоццна, затоа што ќе се каеш до крај на животот, ако сега му кажеш „Не“.“

„Човекот не се раѓа еднаш и засекогаш, оној ден кога го донела мајката на свет, животот го тера повторно и повторно, многу пати повторно самиот да се роди.“

„Нема лек кој може да го излечи она што може среќата.“

„Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе те повредуваат. Продолжи да веруваш, само биди внимателна.“

„Не грижи се премногу. Најдобрите работи се случуваат кога најмалку очекуваш.“

„Јас не носам шешир, за да не морам да го вадам пред било кого.“

„Зошто да трошиш толку зборови за да објасниш што чувствува човекот во војната, ако е доволен само еден збор – страв.“

„Прекрасно е да мислиш за задоволствата во минатото, без горчина и каење.“

„Инспирацијата доаѓа само за време на работа.“

„Знаењето и мудроста доаѓаат тогаш кога ни се од најголема корист.“

„Не, јас не сум богат човек. Јас сум сиромав со пари, а тоа – не е исто.“

„Староста нема врска со тоа колку години имаш, туку колку старо се чувствуваш.“

„Биди смирен. Да умреш е потешко отколку што ти се чини.“

„Животото е како приказна, не е важно колку е долг, туку колку е добар. Она што поминало, веќе не постои, она што ќе биде, сѐ уште не се случило. Постои само една точка во која се составуваат минатото и иднината. А таа точка е целиот твој живот. Искористи ја.“