Подобрете ја продуктивноста и намалете го стресот.
Постојат две омилени изреки помеѓу народот поврзани за утрото. Една е дека „утрото е попаметно од вечерта“, а другата е дека „по утрото денот се познава“. Било да сте утрински тип или не, постојат едноставни чекори кои ќе ви гарантираат совршен почеток на денот а тоа ќе ви овозможи и поголема продуктивност подоцна како тој одминува.
Судејќи по америчкиот невролог, тренер и колумнист Марк Меклаген, постојат 3 проверени чекори за совршен почеток на денот.
1.Медитација
„Се будам секое утро во 5 и медитирам 10 минути, односно, тоа време го поминувам во тишина со себе. Тоа е чин на своевидна самонега и најважен чекор во мојот ден и затоа е на прво место. Докажано е дека медитацијата и сличните техники го намалуваат стресот, и го спречуваат синдромот на „согорување“ и развивање креативност и подобрување на квалитетот на сонот.“
2.Проверка на дневните обврски
Веднаш после медитацијата следи чекирање на дневните обврски кои ведно ги забележувам. Меклаген вели дека, ако нетовиот пријател тој ден има роденден, веднаш ќе му испрати честитка или порака и на тој начин ќе стави точка на една дневна обврска која подоцна би можела да го ремети во реализацијата на другите нешта. Така нема да доцни со роковите или да биде под стрес. Значи, ништо не остава за подоцна.
3.Планирање
„Овој чекор го надоврзува за претходниот. И кога ќе тргнете на пат, важно е да знаете каде одите и по кој пат за да не дојдете уморни, изнервирани и веројатно последни. Се што морам да направам во текот на денот обавезно некаде го забележувам. Ако наутро го скроите денот спрема планираните обврски тоа не значи дека некогаш нема да има отстрапувања, но ќе ви биде полесно да се фокусирате на целите и веројатно ќе ги завршите навреме.“