Категории

3 едноставни јапонски навики коишто ќе ви го направат животот поубав!

Прифаќањето нови навики може да изгледа застрашувачки, но што ако тие мали промени значително би Ве подобриле?

Јапонската култура зрачи со мудрост од којашто сите можеме да учиме.

Со овие 3 едноставни навики, Вие ќе се промените на многу подобро:

1. Пронајдете убавина во несовршеноста

Суштината е да се цени едноставноста и да се прифати несовршеноста. Додека Западната култура го идеализира новото и сјајното, Јапонците наоѓаат инспирација во старите предмети и неправилните форми.

2. Поврзување со природата

Нурнете во беспрекорната убавина на природата и почувствувајте ја секоја нејзина позитивна вибрација. На тој начин, Јапонците градат силна врска меѓу умот и телото.

3. Пиење зелен чај

Јапонците се фокусираат на подготовка и презентација на зелениот чај којшто придонесува за подобрување на нивното здравје.