Категории

3 големи предности ако појадувате во текот на првиот час после будењето

Малите навики создаваат попродуктивен живот.

Иако многу нутриционисти и лекари одамна тврдат дека појадокот е најважниот оброк во денот, има и такви кои сметаат дека е најдобро да се прескокне. Притоа, луѓето имаат разни изговори зошто не јадат веднаш после будењето, од тоа дека немаат време до тоа дека едноставно тогаш не чувствуваат глад.

Меѓутоа предностите на појадокот во текот на првиот час од будењето се едноставно големи спрема многубројни студии. Појадувајте секој ден во првиот час после будењето и секој ден ќе ви биде продуктивен и среќен.

1. Го регулирате нивото на шеќер и го поттикнувате метаболизмот
Ако сакате да изгубите килограми или пак да ја одржите својата килажа, појадокто во текот на првиот чај овозможува на телото веднаш да го регулира инсулинот и нивото на шеќер во крви и го придвижува метаболизмот. Кога нивото на шеќер во крвта и нивотот на инсулин ќе се регулираат, телото има извори на енергија кои ви се потребни во текот на денот. Додека спиете, вашиот метаболизам природно успорува, затоа што вашето тело има помалку побарувања. Појадувањето во текот на првиот час од буењето му дава добар старт за придвижување на термогенезата, метаболички процес за преработување и транспорт на храна.

2.Ќе јадете поздраво во текот на денот
Доколку не јадите во рок од час време после будењето, поради глад ќе јадите храна со ниски хранливи вредности или висококалорична храна. Сите сме го доживеале тоа нетрпение кога ако не сме појадувале, тогаш за време на ручекот често посегнуваме по ниско хранливи намирници.

3.Ќе бидете расположени а мозокот ќе ви работи како часовник
Појадокот во првиот час од будењето го подобрува расположението и когнитивните функции тој ден. Некои истражувања покажуваат дека тоа веднаш го подобрува вашето расположение затоа што мозокот е нахранет после будењето. А тоа доведува до подобрување на јаснотијата на помнењето и когнитивните способности.

Прегледи:
653
Објавено на:
15.12.2020