Категории

3 хороскопски знаци кои повеќе трошат отколку што заработуваат

Рибите сите пари ќе ги потрошат за да им помогнат на другите, Водолијата не може да дочека да си ја купи најновата технолошка играчка, а Стрелците доколку посакаат авантура, не прашуваат за цена.

1. Стрелец

Стрелците многу работат, па затоа не им е тешко да заработат пари, но имаат проблем да ги зачуваат парите. Доколку посакаат да одат на некоја авнтура или излет, не прашуваат колку чини. Никогаш не размислуваат за долговите, месечните трошоци и секогаш се неподготвени кога треба да дадат пари. Тие одамна избрале – попрво ќе имаат безброј авантури, отколку голема сметка во банка.

2. Риби

Рибите ќе го потрошат и последниот денар за да помогнат некому, бидејќи сметаат дека нив не им се толку потребни парите. Тие се несебични и секогаш другите им се на прво место. Сакаат да имаат пари бидејќи планирањето и подарувањето ги прави најсреќни. Доколку им остане некој денар за нив, веројатно ќе купат некоја книга од областа на уметноста, музиката или ќе одат на некое место кое ги инспирира.

 

3. Водолија

Водолиите не можат да и одолеат на новата технологија. Тие се од оние луѓе кои цела ноќ се подготвени да чекаат пред продавница за да го купат најновит мобилен телефон. Попрво би имале нов лап топ отколку пари на сметката од банка.

Прегледи:
470
Објавено на:
28.04.2018