Овие приказни нема никогаш да ги заборавите!
Есента и зимата се најдобро време за читање – има ли нешто поубаво од тоа да се волечете под топла прекривка, со омилениот топол напиток и со мислите да зачекорите во еден сосема поинаков живот и свет преку добра книга?
Ви препорачуваме до крајот на годината, обавезно да ги прочитате овие 3 книги кои ќе ви понудат извонредни приказни кои ќе ве остават без здив – нема да можете да ги испуштите од раце!
1.„Човекот по име Уве“ – Фредрик Бакман
Приказна за старецот по име Уве која ја освои публиката ширу светот, а овој наслов стана еден од најпродавацните со повеќе од 4 милиони продадени примероци ширум светот. Ова е еден од насловите кои не смеете да ги пропуштите!
2.„Додека не те сретнав тебе“ – Џоџо Мојес
Љубовна приказна која не личи на ниедна друга. Не овде не се работи за тривијални расправии, клишеа и младалачки изневерувања. Ова е љубовна приказна која сосема реално може да ја напише животот кој понекогаш воопшто не е благ. Љубовна приказна која ви гарантираме дека нема да можете да ја заборавите!
3.„Шепнувачот“ – Донато Каризи
Љубителите на трилери ако досега не ја прочитале оваа фамозна книга на Донато Каризи, спремете се за најшокантната приказна која некогаш сте ја прочитале. Неверојатни пресврти со феноменална интригантна нарација, ќе ве повлечат во длабокиот и мрачен свет, во кој доминира чисто зло.