Категории

3 јаболка на ден – Одличен начин како да изгубите килограми!

Јаболкото пред вежбање дава енергија, а три јаболка дневно можат да го забрзаат губењето на килограмите.

Овошјето е здраво, а јаболката имаат посебни својства и не само што не штитат од болести, туку и ни помагаат во слабеењето. Редовното конзумирање на кралот на овошјето е еден од најрприродните начини за согорување на калории. Јаболкото пред вежбање дава енергија а три јаболка дневно можат да го забрзаат губењето на килограмите.

Истражувачите од Универзитетот во Рио де Жанеиро откриле дека жените кои дневно јадат три јаболка во комбинација со нискокалорична исхрана, губат повеќе килограми отколку жените кои воопшто не го јадат ова овошје. Јаболката се одлична ужина пред секој оброк а можат да бидат вклучени и во оброкот.

Ова се најважните шест благодети кои помагаат при слабеењето:

1.Малку калории
Едно јаболко содржи 65-70 калории. Нездравите грицки заменете ги со јаболка, а добра страна е тоа што можете да ги јадете во голема количина без страв дека ќе се здебелите.

2.Влакна
Влакната со кои е богато овошјето и зеленчукот, го поттикнуваат чувството на ситост и на тој начин спречуваат внесување вишок калории. Јаболката се богати со пектин, влакна кои придонесуваат во здравото варење. Во желудникот влакната се шират што остава помалку место за другата храна и помага подолго време да се чувствуваме сити.

3.Витамини
Јаболката се богати со антиоксиданси, витамини и минерали што придонесува во здравјето и виталноста и пружи енергија за цел ден што помага во согорувањето на вишокот калории и го забрузва губењето на килограмите.

4.Вода
Желбата за храна и претераната глад често се знак за дехидратација на организмот, а јадењето јаболка го зголемува внесот на вода. Конзумирањето на доволна количина на вода на организмот му пружи повеќе енергија и го забрзува метаболизмот.

5.Недостаток на натриум
Јаболката се одлични за детоксикација на организмот. Тие се сиромашни со натриум, што помага во елиминацијата на вишокот течности во организмот, но и спречува задржување на вишокот течности кои предизвикуваат надуеност.

6.Низок гликемиски индекс
Јаболката содржат многу малкумасти и имаат гликемиски индекс 35, на скала од 0 до 100. Намирниците со висок гликемиски индекс го зголемуваат нивото на шеќер во крвта што предизвикува телото да произведува инсулин а тоа доведува до силно чувство на глад.