Категории

3 клучни нешта кои секој маж ги посакува во врската

Еве што секој зрел маж очекува во стабилниот емоционален однос

„Бидете одраз на она што би сакале да го видите кај другите. Ако барате љубов, сакајте се себеси. Ако барате искреност, бидете искрени. Ако барате почит, покажете почит. Го добивата она што го давате за возврат.“

Еротската интимност и романтичната нежност се неопходни за секоја врска, но постои нешто што за секој маж е поважно од овие две нешта.

Еве што секој зрел маж очекува во стабилниот емоционален однос:

1.Разбирање на чувствата
Сите знаеме дека сексуалната интимност е физички израз на страста која ја имате едни спрема други. Но ако се потрудите да сфатите како се чувствува вашиот партнер, односот може да го подигнете на повисоко ниво.
Кога ќе почнете да го слушате партнерот, да ги разбирате неговите чувства и отворено да разговарате за нив, квалитетот на вашата врска значително ќе се подобри.
Разбирањето во емоционалниот одно е како двонасочна улица – ако сакате партнерот да ги разбира вашите чувства, морате и вие да ги разбирате неговите.

2.Прифаќање
Често во врската сакаме да го промениме однесувањето на партнерот. Ако постојано размислувате за промена на мааните на партнерот, никогаш нема да успеете да се фокусирате на неговите доблести.
Личноста со која сте во емоционална врска, сака да почувствува дека ја сакате, прифаќате и почитувате онаква каква што е. Невозможно е да изградете силна емоционална врска ако постојано го критикувате партнерот. Осудувањето раѓа нови осудувања – ако почнете да го осудувате партнерот, очекувајте дека и тој ќе се однесува така кон вас.

3.Искреност
Но ако не сте искрени спрема партнерот, за ворзврат не можете да сметате на искреност. Трајната врска е едноставно невозможна да се гради врз лаги.
Поради тоа, ако сакате да ја зајакните врската, само почнете да бидете одговорни за вашите зборови и ветувања. Затоа што дури и во случај на непријатен разговор, искреноста ќе ви овозможи да го задржите почитувањето.

Прегледи:
462
Објавено на:
07.06.2020