Категории

3 корисни апликации кои ќе ги бројат калориите наместо вас

Популарни и многу корисни, апликациите кои мерат калории може да бидат ваш најдобар сојузник во борбата против килограмите. Искористете една од овие бесплатни апликации за вашиот телефон и направете си го животот полесен.

„MyFitnessPal“

Доколку сакате да знаете колку калории има вашата порција за ручек, ова е апликацијата за вас. Ја бодува храната, препорачува кога и што да јадете, па затоа ова е истовремено забавна и поучна апликација. Во текот на работните денови како и преку викенд, ќе имате увид во внесувањето на храната и ќе можете да го планирате менито за наредниот период. Веќе нема да имате изговор дека не сте знаеле колку јадете и дали е калорично.

„Lose it!“

Оваа апликација има скенер на бар кодови, база на рецепти, храна и активности. Корисниците на оваа апликација можат да додадат одредени видови на намирници во базата на податоци и да го пратат секојдневното внесување на протеини, јаглехидрати и масти.

„My Diet Coach“

Една од најдобрите апликации за слабеење која нуди многу повеќе од собирање калории. Содржи мотивациони потсетници и фотографии кои во голема мера можат да помогнат конечно да се ослободите од вишокот килограми.