Недостижна или отворена девојка? Веројатно ако прашате маж ќе ви каже дека таа првата е малку поинтересна.
Тука не мислиме да бидете ладна и дрска спрема момчето кое ви се допаѓа, туку станува збор за техники со кои ќе успеете да го “маѓепсате“.
# Држете се на дистанца…ако веднаш му признаете дека многу ви се допаѓа има шанса да се дистанцира од вас.
Затоа задржете ја мистериозноста и резултатите ќе дојдат сами.
# Размислувајте…секако дека ви е јасно дека тој е идеален за вас, но не е неопходно веднаш да му го ставите тоа до знаење.
Дајте си време и тој самиот ќе ве увери дека е идеален за вас.
# Бидете зафатена…иако најверојатно со нетрпение чекате телефонот да ви заѕвони, сепак кога ќе ве побара покажете му суптилно дека имате многу нешта кои треба да ги завршите.
Така ќе знае дека треба да се бори повеќе за да ве освои.