Никогаш не се среќни, никогаш не се задоволни. Некои луѓе никогаш не го губат оптимизмот, а овие хороскопски знаци оставаат впечаток како никогаш ни да не биле оптимисти.
Рак
Раковите постојано се грижат, посебно за луѓето кои им значат. Тие понекогаш се толку многу вклучени во животите на најблиските, како и самите да ги живеат. Тие не можат целосно да се опуштат затоа што постојано размислуваат за следната лоша работа која би можела да се случи.
Девица
Родени перфекционисти, во се пронаоѓаат маана. Секогаш се под стрес затоа што се стремат кон совршенството. Тие се многу остри критичари, како кон себе така и кон другите, па од нив е многу тешко да се слушне комплимент.
Близнаци
Нивниот најголем проблем е стресот. Тие во се пронаоѓаат причина за нервирање и постојано се жалат.