Категории

3 најважни витамини за зајакнување на имунитетот од кои секогаш ќе бидете ЗДРАВИ

Внесувањето на овие витамини во организмот е од клучна важност за вашиот имунитет да може да се избори со разни болести

Ова се најважните витамини кои морате да ги внесувате на дневна база за да бидете здрави и да го сочувате вашиот имунитет:

ВИТАМИН Ц
Витаминот Ц е најважниот двигател во имунолошкиот систем. Тој може да ве заштити од настинки и вируси. Намирници богати со витамин Ц се цитрусните овошја како портокал, лимон, грејпфрут, мандарини. Потоа јагодите, спанаќот, брокулата, пиперката.

ВИТАМИН Б6
Витаминот Б6 е важен за поддршка на биохемиските реакции во имунолошкиот систем. Храната која е богата со витамин Б6 вклучува риба како лосос и туна, пилешко, леблебии, хумус и зеленчук во зелена боја.

ВИТАМИН Е
Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој му помага на телото да се бори против инфекциите. Него можете да го најдете во оревите, јаткастите плодови и спанаќот.

Намирници кои можат да ви помогнат да го зајакнете имунитетот.
Обидете се да јадете што поразновидно овошје и зеленчук. На тој начин вашиот организам ќе биде снабден со потребната доза на неопходни витамини и минерали и вашиот имунолошки систем постојано ќе биде силен.

Исто така исклучително важно е редовното вежбање и квалитетниот сон.

Прегледи:
804
Објавено на:
07.04.2020