Категории

3 необични последици после секс: Дали сте ги почувствувале досега?

Кога ќе доживеете оргазам во вашето тело доаѓа до многу промени, а некои од нив може да ве изненадат. Погледнете кои се трите помалку необични последици од водењето љубов.

Изострено сетило за мирис

Кога доживувате оргазам, телото го ослободува хормонот пролактин, кој го зајакнува сетилото за мирис. Резултатите на едно истражување покажале дека количината на пролактин во телото по сексот или мастурбацијата е посилна дури 400% од обично, а сетилото за мирис тогаш е многу осетливо.

Меланхолија после секс

Повеќето жени по сексот се чувствуваат опуштено, среќно, еуфорично, па дури и поспано. Некои жени по сексот чувствуваат нервна напнатост па дури и агресија. Истражувањата спроведени помеѓу 230 испитаници покажале дека 46% од жените барем еднаш во животот ги доживуваат симптомите на меланхолија по сексуален однос, а околу пет проценти ја почувствувале таа меланхолија барем еднаш во месецот.

Амнезија

Една од испитаничките се пожалила дека не може да се сети на деталите кои се случиле во еден час претходно, откривајќи дека амнезијата и се јавила веднаш по сексот со нејзиниот сопруг.

Таа доживеала минлива глобална амнезија, ретка состојба во која меморијата одеднаш, за кратко време целосно се губи. Оваа состојба е многу ретко и само афектира три до пет лица на 100.000 годишно.