Категории

3 нешта кои мажите ги прават, но жените ретко се осмелуваат

Дали сте знаеле за овие ситуации?

Овој совет никогаш не си го добила од твојата мајка – малку себичност понекогаш може да се исплати.
Дали знаеш дека мажите во просек мислат дека се понтелигентни од своите врсници, додека жените се нешто поскромни во поглед на тоа?
Сигурно не сте слушнале дека мажите побрзо напредуваат на работното место од жени. Тие не се извинуваат, сметаат дека се стручњаци во разни подрачја, гласни се, знаат што сакаат и секогаш пронаоѓаат начин како да го остварат тоа. Затоа, драги дами, читајте внимателно и присвојте нешто од нивниот начин на однесување.

1.Зборуваат со јазик на самодоберба
Мажите се познати по тоа што сакаат да се натпреваруваат и да се покажуваат себеси во што подбро издание. Способни се да изнесат половина разработен деловен план и сите околу себе да ги уверат дека баш тој план ќе го „промени светот“. За разлика од жените, кои не се осудуваат јасно и гласно да зборуваат, а со тоа покажуваат самодоверба.
Жените можеби имаат и подобри идеи но се саботираат самите себеси така што не сакаат да ја преминат линијата на „добриот вкус“ и се воздржуваат од натпреварување со останатите (машки) колеги. Резултат на ова? Во вакви околности мажите секогаш поминуваат подобро.

2.Не се грижат за тоа што не се експерти
Истражувањата на американскиот универзитет Аризона Стејт од 2017 година покажа дека мажите во просек мислат дека се поинтелигентни од своите врсници, додека жените сепак пореално ја проценуваат својата интелигенција. Исто така мажите почесто самите себеси се цитираат затоа што сметаат дека своите размислувања и уверенија не треба да бидат доведени до прашање. Она што поголемиот дел од нив вешто го практикува е тајната која малку жени ја знаат: Ако се претставиш себеси како експерт во она што го правиш и имаш цврст став, малку кој ќе се осуди да го преиспитува тоа.

3.Се осмелуваат да бидат себични
Мажите го бараат она што го сакаат – било да се работи за висина на плата или промена на работно место, флексибилен распоред или било што друго во секојдневието. Зошто тоа истото не го прават и жените? Веројатно затоа што се грижат за тоа какви последици ќе имаат нивните акции. Жените исто така се преиспитуваат себеси за се што прават и размислуваат, но мора да сфатат дека себичноста понекогаш не е лоша работа.