Категории

3 нешта кои морате да ги правите пред спиење

Секако понекогаш уморот умее да ве надвладее па помислувате дека и не е толку важно да се помине низ вообичаената рутина на одржување на вашата кожа мислејќи дека тоа нема да промени ништо, но навистина многу се лажете. Одржувањето на убавата, блескава и здрава кожа бара постојано внимание и секојдневна нега без прескокнување на вообичаените рутини. Затоа, доколку следното утро не сакате да се разбудите со несакани акни и митесери, уморни очи и сува дехидрирана кожа, следете ги овие три чекори кои неизбежно секоја вечер морате да ги следите.

Отстранете ја шминката
Добро е познато правилото дека шминката мора да се отстранува пред спиење, а сепак некои жени не го практикуваат тоа. За таа цел уморот да не ве надвладее, чувајте пакетче влажни марамици покрај вашиот кревет кое секогаш ќе биде на дофат на вашите раце. Но сепак, не се ослонувајте само на влажните марамици бидејќи тие умеат да направат повеќе штета доколку не продолжите со следните 2 чекори.

Темелно исчистете го лицето
Влажните марамици отстрануваат само 1/3 од нечистотиите. Продолжете со чистење на лицето со мицеларен раствор и за крај измијте го со благ гел за лице.

Хидратантна крема
За крај нанесете хидратантна крема соодветна за вашата кожа. Не заборавајте да нанесете и крем на подрачјето околу вашите очи.

Не заборавајте дека овие чекори се клучни за вашата кожа да остане што подолго млада и во полн сјај. Доколку ја негувате, таа ќе ви биде благодарна уште долго.

Прегледи:
360
Објавено на:
24.04.2017