Категории

3 нешта од кои не смеете да се откажете кога сте во врска

Без обзир на тоа што вашиот љубовен статус сега е „во врска“, од овие нешта никогаш не смеете да се откажете. Сети се дека и претходно имаше живот и уживаше во некои работи, кои никако не треба да престанеш да ги правиш ни сега.

Дружење со пријателките

Знаеме дека сакаш да го поминеш секој слободен миг со него, но тоа не е здраво. Твоите пријателки беа тука и пред него, забавата беше одлична, а тој никогаш нема да може да го замени тоа. Затоа, научи паметно да го планираш своето време. Така нема никого да занемариш.

Самостојно носење одлуки

Секако дека сега сте двајца и некои одлуки дефинитивно треба да ги донесете заедно. Притоа мислиме на одлуките кои се однесуваат на вашиот однос и врска, а не на правецот во кој би требало да се движи вашата кариера или како треба да се облекувате.

Време само за себе

Доколку сакаш петок навечер да го поминеш со омилената серија и пуканки, а не во неговата прегратка, тој би требало да те разбере. Како што и ти мора да имаш разбирање за неговите активности. Тоа се нарекува компромис и еден од темелите на здравата врска.

Прегледи:
506
Објавено на:
03.09.2018