Категории

3 основни правила за одличен секс

Следејќи ги многубројните секс совети може само повеќе да се збуните, затоа држете се до овие 3 основни правила и уживајте во одличен секс.

Бидете опуштени

Опуштеноста е најважното нешто за добар секс. Доколку партнерката заклучи дека не сте опуштени, ни таа нема да може да се опушти. Исклучете го мозокот и бидете спонтани. Не размислувајте која поза треба да ја пробате, што треба да правите со раката и сл… Само препуштете се на страста и верувајте ни, се ќе дојде на свое место!

Желба

Како во романтичните врски, така и во сексот мора да постои таа хемија и желба помеѓу партнерите. Со оглед на тоа дека сме сигурни дека чувствувате желба за својата партнерка, потрудете се и таа да не ја изгуби желбата која ја има за вас. Потрудете се да го намалите пивскиот стомак, а вежбањето и добро ќе ви дојде и за кондиција и издржливост. Исто така, добро е да ја подготвите вашата партнерка така што ќе ја загреете задоволувајќи ја орално или пак со добра масажа и таа навистина ќе посака жешок секс.

Природно

Дали навистина е потребно да ја испробате секоја Камасутра поза? Честото менување пози доаѓа до нарушување на ритамот на сексуалниот однос, а со тоа се намалува и желбата за секс. Не комплицирајте, држете се до основното.

Ако имате омилена поза во која и двајцата уживате, не менувајте ја се додека таа не доживее оргазам. Бидете природни и слушајте што ви кажува телото на партнерката, бидејќи кога еднаш ќе научите да ги слушате нејзините воздишки ќе видите колку поопуштени ќе бидете, а сексот ќе биде неверојатен.

Прегледи:
491
Објавено на:
02.06.2016